Контакт

Спорт

Ѓоковиќ кај Славен Билиќ: Треперам кога ќе се сетам на Париз 2024…би сакал да играм повеќе во земјите од поранешна Југославија

Објавено пред

Осмата емисија од третата сезона на серијата „(Не)успех на шампионот: Специјал со Славен Билиќ“, која се емитува на каналите Арена Спорт, носи една од најинспиративните животни исповеди на најголемиот тенисер во историјата. Новак Ѓоковиќ, симбол на врвниот тенис во 21 век, личност чии достигнувања звучат нереално и импресивно, е новиот гостин на познатата емисија, во која отворено зборуваше за својата неверојатна кариера, предизвикувачките почетоци, семејството, упорноста што не го напуштила и неговите цели. Со 24 освоени Гренд слем турнири, Новак е несомнено најдобриот тенисер на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на емисијата, Билиќ ги истакна зборовите на Новак дека на почетокот на новата година ги поставува своите приоритети и цели за сезоната. Исто така, тој е свесен за својата возраст и рече дека оваа сезона би сакал да ужива во плодовите на својот труд, но и да најде рамнотежа помеѓу тоа и ултимативната победа.

„Тенисот е примарна работа во мојот живот три децении. Тоа е она што најдобро го знам , тоа е она што најдобро знам да го правам во животот, а кога станав родител пред десет години, работите се променија, на подобро. Добив нова доза на мотивација. Чувствував дека сакам уште повеќе да ги направам среќни мојот син, мојата сопруга, моите родители.

Кога станав татко, сето тоа доби една нова димензија и го искористив тој наплив во однос на резултатите, професионално, ми даде крилја и имав фантастични неколку години потоа, потоа се повредив, поминав низ различни фази итн.“

Тој посочи на 2018 година, за која рече дека била клучна и пресудна година кога дури размислувал да се збогува со тенисот на одреден период: „Се вратив и повторно станав број еден“.

За балансот, тој рече: „Го барам до степен до кој тенисот повеќе не ми е приоритет во таков процент. Сакам да бидам татко, сакам да бидам сопруг, сакам да бидам други работи, едноставно да надоместам за нешто што сум жртвувал, бидејќи навистина морам да кажам, можеби тоа е малку суров збор, но жртвував толку многу години.“

Тој продолжи дека сега сака да пронајде што е можно повеќе оптимална рамнотежа за да продолжи да го прави она што го сака, но истакна: „не сум тип на личност што може да игра професионален тенис, да го игра натпреварувачки и да го игра само за да го игра. Не. Морам да играм и да чувствувам дека сè уште сум на тоа ниво каде што би можел да освојам Гренд слем и да бидам еден од најдобрите. Ако тоа неможам да го правам си ветив дека тогаш ќе биде крај.“

Потенцира дека ја имал поддршката од семејството уште од самиот почеток. Спортско семејство во фокусот било скијањето, но судбината била тенисот. Се осврнаа на самите почетоци, кога Јелена Генчиќ го препознала неговиот талент кога имал четири и пол години. Семејството помина многу време на Копаоник.

„Моите родители се запознаа таму и започнаа угостителски бизнис од кој живеевме… Случајно, иако не верувам во случајности, судбината го уреди животот на таков начин што беа изградени три тениски терени на дофат на раката од градината на ресторанот…“

Откри дека морал да преземе многу одговорности уште на рана возраст, морал рано да порасне, но исто така рано научил да ги препознава можностите во животот. Мајката беше столб на семејството, а таткото движечка сила. Иако неговиот татко тренирал скијање, самиот Новак покажал интерес за неколку спортови, како што нагласи, родителите му дале избор:

„Тоа беше еден од одлучувачките моменти во мојот живот кога имав десет години. Бевме во Белград, бидејќи сменивме многу станови во тоа време, кон крајот на деведесеттите години, бомбардирањето, немавме постојан престој, имаше многу тешкотии за нив, а тенисот е ужасно скап спорт. Дури и денес, а особено тогаш.“

Откри дека неговиот татко еднаш ставил десет марки на масата и рекол дека тоа е сè што имале:

„Во тој момент, во мене се разбуди тој татковски инстинкт дека морам да станам возрасен дури и на 12 години. Ја разбрав неговата порака, но и покрај сето тоа, тој беше подготвен и го направи тоа за да ме поддржи сто проценти и да каже – ќе најдеме пари, ќе создадеме услови, ќе создадеме што и да е. Ако сега нема јасен пат, ние ќе го создадеме и само треба да ми кажете дали сте подготвени за ова?“

Од неговите три најголеми успеси што се особено значајни за него, два се репрезентативни. Еден е Вимблдон, потоа Дејвис купот и Олимписките игри во 2024 година.

Билиќ и Ѓоковиќ се осврнаа на големата мотивација на Новак да игра за националниот тим, како и на фактот дека во индивидуален спорт како што е тенисот, таа мотивација е уште поизразена. Најголемиот тенисер на сите времиња рече дека во тимските спортови често има тимски натпревари и дека е убаво да се види тоа, но и дека малку им завидува на тоа чувство кога тимот се собира на секои еден или два месеци:

„Па играат натпревари пред домашната публика, тоа е навистина убаво чувство. Исто така, ми недостига повеќе да играм во мојата земја. Чувствувам вистинска поврзаност не само со луѓето во Србија, туку и со луѓето во сите држави на поранешна Југославија. Некако чувствувам љубов, припадност и желба и страст да настапувам пред нив. Би сакал, но немам можност…“

„Олимписките игри се навистина мојот најголем успех“, рече Новак Ѓоковиќ и продолжи: „Зависи од која перспектива го гледате. Јас го гледам од силата на емоциите, за мене тоа е сè во животот. Кога ќе кажете, можете да зборувате за некои успеси, некои турнири, некои цели, но кога нешто во вас, кога ќе го кажете тоа, предизвикува емоција што ве тера да треперите, да треперете, тоа е тоа! Кога ќе помислам на Олимписките игри минатата година, рацете ми се потат и почнуваат да се тресат. Исто така, се тресев поради поразите што ги имав на Олимписките игри бидејќи тоа се најголемите порази во мојата кариера, најболните, најемотивните.“

Ѓоковиќ подели неколку интересни информации целите во иснина.

Едно нешто што дефинитивно го имам во главата, а кое ми дава мотивација, се Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес, играњето за националниот тим и Гренд слем турнирите…“

Еден посебен момент се случи непосредно пред снимањето на оваа епизода од серијата. Екипата што работеше на шоуто му подари на Новак Ѓоковиќ дрес на Лука Модриќ. Видливо трогнат од тој чин, Новак се заблагодари со зборовите:

„Ова е еден од најубавите подароци што сум ги добил во последно време.“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид страда од хроничен „Барселонитис“

Објавено пред

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, возврати на навредата од Флорентино Перез, велејќи дека Реал Мадрид страда од „акутен барселонитис“.

dobivaj vesti na viber

Првиот човек на Барса верува дека нападите поврзани со „аферата Негреира“ се само доказ за опсесијата на Реал, кој, според него, е повеќе загрижен за Барселона отколку за сопствените проблеми.

Вербалната војна меѓу двата шпански фудбалски гиганти достигна ново ниво. Само неколку дена откако претседателот на Реал, Флорентино Перез, во жесток говор пред членовите на клубот, го опиша „случајот Негреира“ како најголем скандал во историјата на фудбалот, Лапорта возврати со саркастичен контранапад.

Односот меѓу клубовите, до неодамна обележан со сојуз околу проектот на Европската суперлига, се чини дека е целосно нарушен.

По говорот на Перез во кој ги нападна Барселона, Ла Лига, Шпанската фудбалска федерација (RFEF) и медиумите, Лапорта им ја понуди својата медицинска проценка на ситуацијата на новинарите.

Првиот човек на „Блауграна“ посочи дека неуморното фокусирање на Реал Мадрид на правните проблеми на Барселона е симптом на подлабок психолошки проблем. Наместо да биде заплашен од приватната тужба на Реал Мадрид за „аферата Негреира“, Лапорта тврди дека опсесијата сега се претворила во нешто хронично.

„Порано беше Барселонитис, но сега е акутен Барселонитис“, рече Лапорта. „Гледам дека Барселонитис е во сржта на навивачите на Реал Мадрид“.

На прашањето зошто верува дека во Реал зазеле толку агресивен став, Лапорта ги отфрли правните аргументи и посочи на менталната состојба на неговите ривали.

„Прашајте ги нив“, одговори тој. „Она што го гледам е дека тие имаат акутен Барселонитис, а тоа ни одговара совршено“.

Според него, бучавата што доаѓа од „Бернабеу“ е всушност позитивен сигнал за неговиот клуб. Тој тврди дека ако Реал Мадрид ги поминува своите состаноци анализирајќи ја историјата и правните битки на Барселона, игнорирајќи ги сопствените проблеми.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година

Објавено пред

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација, Усман Дембеле ја освои наградата на ФИФА „Најдобар“ за најдобар фудбалер во 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Дембеле оваа година со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, првенството, Купот на Франција и Суперкупот на Франција. Наградата му ја врачи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Главни конкуренти на Дембеле беа Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во женска конкуренција, Аитана Бонмати од Барселона ја освои наградата за најдобра фудбалерка.

ФИФА го избра Луис Енрике од ПСЖ за најдобар тренер. Во женска конкуренција, наградата ѝ припадна на Холанѓанката Сарина Вигман, која како тренер оваа година ги предводеше фудбалерите на Англија до титулата европски шампион.

Во најдобриот тим во машка конкуренција беа: Џанлуиџи Донарума, Нуно Мендес, Вирџил ван Дајк, Вилијан Пачо, Ашраф Хакими, Родри, Витиња, Џуд Белингам, Кол Палмер, Ламин Јамал и Усман Дембеле.

Најдобар голман во изборот на ФИФА е Џиџи Донарума, а наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол му припадна на Сантијаго Монтиел.

Најдобрите во изборот на ФИФА ги избраа капитените на националните тимови, селекторите, новинарите, како и навивачите на официјалната веб-страница на ФИФА.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мбапе од ПСЖ ќе наплати 61.000.000 евра

Објавено пред

Килијан Мбапе го доби судскиот спорт со поранешниот клуб, ПСЖ. Клубот ќе мора на Мбапе да му исплати 61.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Килијан Мбапе во ПСЖ пристугна во 2018 година од Монако, за сума од 180.000.000 евра. Овој трансфер е вториот најскап во историјата на фудбалот. Според меѓу клубот и фудбалерот настана кога, Мбапе во летото 2024 година реши како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.

Откако замина побара клубот да му ги исплати платите и договор за верност. Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, лут на својот поранешен играч, покрена контра тужба.

На крајот, сè заврши на многу грд начин. Мбапе побара дури 263.000.000 евра пред судот. ПСЖ побара 440.000.000 од поранешниот играч. Секако, ниедна страна не можеше да добие толку многу, но ПСЖ сепак ќе мора да плати.

„Оваа пресуда потврдува дека преземените обврски мора да се почитуваат. Тоа е едноставна вистина: дури и во професионалната фудбалска индустрија, трудовото право важи за сите. Г-дин Мбапе, од своја страна, ги почитуваше сите договорни обврски седум години, до последниот ден. Тој направи сè што можеше за да избегне судење, дури и јаповлече жалбата за вознемирување за да ја смири ситуацијата. Сè на сè, тој побара да му се исплаќаат само платите и бонусите за повеќе од 18 месеци“, беше задоволен. адвокатот на Мбапе, Фредерик Касеро.

По сето ова, ПСЖ ќе мора да ја објави оваа пресуда во целост на веб-страницата на клубот и да ја чува таму еден месец.

Мбапе во дресот на ПСЖ одигра 308 натпревари, постигна 256 гола и забележа 110 асистенции.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ6 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија8 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија9 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ9 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија9 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија9 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа11 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет13 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет13 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет13 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет13 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа13 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија23 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет24 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...