Спорт
Позајмицата заврши, Чурлинов се враќа во Барнли

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа во Англија, во редовите на Барнли. Чурлинов сезоната која заврши минатата недела ја мина на позајмица во Јагиелонија.
Чурлинов за Јагиелонија одигра 43 натпревари, во сите натпреварувања, постигна седум гола. Јагилеонија сезоната ја заврши на третото место во Полска, ќе игра во второто квалификациско коло во Лига Европа. Клубот играше и во четвртфиналето во Конференциската лига, каде што испадна од Бетис.
Инаку, Чурлинов летото во 2022 година потпиша четири годиешен договор со Барнли. Една година подоцна измше здравствени проблеми поради што ја пропушти речиси целата сезона.
Барнли успеа да се врати во Премиер лигата, но се уште не е јасно кави се плановите на клубот со Чурлинов, кој влезе во последната година од договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе Мартин ќе ја напушти Априлија

Денес, светскиот шампион се огласи на „Инстаграм“ и предизвика „земјотрес“ во Мото ГП светот со две објави.
Накратко. ова е првата и последна сезона на Хорхе Мартин во Априлија, во која минатата зима ја донесе титулата светски шампион во „кралската класа“, освоена на Прамак Дукати.
Сепак, започна лошо од првиот ден и, очигледно, нема да заврши поинаку.
„Поздрав до сите,
Сакам да им понудам на сите фанови, медиуми и луѓе кои ја следат мојата кариера јасно објаснување за мојата моментална ситуација со Априлија.
Во ниту еден момент не го прекршив договорот. Кога го потпишавме, се согласив со Априлија дека, доколку не се исполнат одредени услови, го задржувам правото да донесам одлука за мојата иднина за 2026 година.
Ова беше клучен услов за мене да го прифатам договорот што тогаш ми го понудија. Кога донесов одлука да го сменам тимот минатата година, едено од моите барања беше да имам можност да го тестирам моторот во реални услови и да се запознаам со тимот и неговата методологија на работа. На тој начин, би се чувствувал конфорно да потпишам двегодишен договор наместо едногодишен. Затоа ја вклучивме таа клаузула.
Соочен со ситуација во која морам да донесам одлука на датумот наведен во договорот, решив да го искористам моето право да се ослободам од обврските од договорот за сезоната 2026. Секогаш го правев ова со почит, јасно и со единствена намера да ја преземам контролата врз мојата иднина како професионален спортист.
За жал, околностите што произлегоа од падовите, иако е вистина дека не влијаат на она што го договоривме, ја условија оваа фаза. Затоа секогаш бев отворен за дијалог со Априлија за да можеме да го продолжиме овој период на одреден број трки по моето враќање во натпреварувањето. Целта е двете страни да можат да си дадат втора шанса и да се чувствуваат удобно пред да донесат одлука во 2026 година.
Секогаш сум бил искрен со Априлија, секогаш сум го ценел моторот, тимот и напорите на сите луѓе кои се дел од проектот. Единственото нешто што го барам е да се почитува мојата волја и духот на она што го договоривме со Априлија.
Нема конфликт, нема осуда. Само сакам да можам да гледам напред со јасна визија, по многу тежок период и многу сериозна повреда, и да продолжам да давам се од себе на и надвор од патеката.
Ви благодарам на сите за вашето разбирање и почит“, се вели во соопштението потпишано кратко со:
Хорхе Мартин
Спорт
Наскоро ќе биде официјално: Роналдо го напушта Ал Наср

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе го напушти Ал Наср. Како што објави Хозе Феликс Дијас, новинар на „Марка“, таа вест ќе ја потврди спортскиот директор на клубот, Фернандо Јеро, на денешната конференција.
Роналдо веќе ја објави разделбата, кога по завршувањето на последното коло на социјалните мрежи сподели слика во дресот на Ал Анср и напиша „дека поглавјето е завршено“.
This chapter is over.
The story? Still being written.
Grateful to all. pic.twitter.com/Vuvl5siEB3— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 26, 2025
Откако се приклучи на клубот во 2023 година, постигна 99 гола, но не успеа да ги освои важните трофеи.
Роналдо наводно има понуди од сите страни. Мексикански Монтереј му понуди договор, додека „Футмеркато“ објави дека и Ал Хилал бил заинтересиран.
Враќање во Спортинг од Лисабон, преселба во МЛС лигата, Бразил или Турција се исто така некои од опциите пред ветеранот.
Спорт
Нико Паз се враќа во Реал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ретко признава грешки, овој пат е подготвен да го стори тоа, сака да го врати офанзивниот играч за врска Нико Паз (20), кој е дете на клубот, но му беше продаден на Комо пред една година за шест милиони евра.
Паз, блесна под водство на Сеск Фабрегас, постигнува шест гола и забележа осум асистенции, беше прогласен за најдобар млад играч во Серија А.
Перез има среќа, бидејќи според клаузулата во неговиот договор, Реал Мадрид има право да го откупи ова лето за осум милиони евра. Реал нема да ја пропушти оваа можност, бидејќи според „Трансфермаркт“, вредноста на Паз изнесува 35 милиони евра.