Спорт
Финале во Конференциската лига: Челзи за историја, Бетис за прв европски трофеј
Финалето од четвртата сезона на Конференциската лига, најмладото европско клупско натпреварување, е закажано за вечерва во 21:00 часот во Вроцлав. За трофејот ќе се борат Челзи и Бетис.
Челзи изгледаше како главен кандидат за титулата од почетокот на лигашката фаза, а тимот на Енцо Мареска пристигна во Полска со цел да постигне уникатен успех. Со триумф, „сините“ ќе станат првиот клуб што освоил трофеи во сите пет големи европски натпреварувања, бидејќи „сините“ претходно двапати ја освоија Лигата на шампионите, двапати Лига Европа, двапати Европскиот Суперкуп, како и сега веќе непостоечкиот Куп на победниците на куповите.
За историја игра и Бетис. Клубот од Андалузија може да го освои првиот европски трофеј во историјата. Тимот од Севилја еднаш беше шампион на Шпанија, во далечната 1935 година, а има и три трофеи во Кралскиот Куп (1977, 2005, 2022).
Една статистика им оди во прилог.
Од сезоната 2001/2002, во сите 23 финалиња на европските куп натпревари во кои учествувале шпански тимови, завршиле со победа на клубовите од Пиринејскиот полуостров. Последен пат претставник на Шпанија загуби во финале во 2001 година, кога Валенсија беше поразена од Баерн Минхен, во Лигата на шампионите.
Можеби ова е прво европско финале за Бетис, но во тимот не недостасува искуство. Клучен играч е Иско, четирикратен победник на Лигата на шампионите со Реал. Тука е и Пабло Форналс, кој веќе ја освои Конференциската лига со Вест Хем. Во нападот, Седрик Бакамбу, со седум гола, е вториот најефикасен играч во натпреварувањето оваа сезона. Тренерот Мануел Пелегрини многу добро ги познава навиките на англиските тимови.
Тимот го заврши натпреварувањето во Ла Лига на шестото место, а финалето во Вроцлав беше главна тема во последните неколку недели, па затоа послабите резултати во претходните кола не се изненадувачки. Бетис е без победа во последните пет натпревари, а првими најмалку еден гол на последните 11. Настапот на голманот Фран Виетес и американскиот дефанзивец Џони Кардосо е под знак прашалник.
Челзи ја постигна својата примарна цел да се врати во Лигата на шампионите, завршувајќи на четвртото место во Премиер лигата. Тимот победи во седум од последните осум натпревари, вклучувајќи го клучниот триумф против Нотингем Форест минатиот викенд.

Во текот на целата сезона, тренерот Енцо Мареска го искористи ова натпреварување за да им даде можност на момците од академијата на Челзи и на играчите кои не играа многу во лигата, но со оглед на тоа што сега е натпревар за трофеј, се очекува да игра најсилниот тим, а самиот тој рече дека освојувањето на трофејот би ја претворило добрата сезона во одлична.
Менаџерот на Челзи, Мареска, играше за Малага, додека тренер на андалузискиот тим беше актуелниот тренер на Бетис, Мануел Пелегрини. Потоа, Мареска, подготвувајќи се за оваа работа, беше помошник на Пелегрини во Вест Хем. Навивачите на Бетис го паметат и Италијанецот како играч на омразениот ривал Севилја, чиј дрес го носеше четири сезони, а во ноември 2005 година го постигна единствениот гол во градското дерби.
Ова ќе биде петта средба меѓу двата тима. Ривалите претходно се сретнаа во четвртфиналето на КПК во 1998 година кога Челзи ги доби двата натпревари, а потоа и во групната фаза од Лигата на шампионите во 2005 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

