Спорт
Јунајтед ќе плати 74 милиони евра за Матеус Куња

Бразилецот Матеус Куња (26) ќе биде првото засилување за Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Трите страни постигнале договор, останува уште напаѓачот да го стави својот потпис на договорот.
Манчестер јунајтед на Вулверхемптон ќе му платат 74 милиони евра, на три рати во период од две години. Првата рата од 25 милиони евра ќе биде исплатена ова лето, втората по завршувањето на следната сезона, а третата во летото 2027 година.
Јунајтед решил да ги исполни и барањата на фудбалерот. Куња ќе има неделна плата од 230.000 фунти и ќе ја добие „десетката“.
Клубот од „Олд Трафорд“ заврши на 15-то место во Премиер лигата, нивниот најлош пласман од сезоната 1973/74, кога испаднаа во втората лига. Јунајтед имаше шанса да ја спаси сезоната, но не успеа да ја освои Лига Европа.
Куња пристигна во Вулверхемптон од Атлетико Мадрид во јануари 2023 година на шестмесечна позајмица, а потоа англискиот клуб го откупи неговиот договор за 50 милиони евра во јули истата година.
Бразилскиот голгетер постигна 17 гола и имаше шест асистенции оваа сезона во дресот на Вулверхемптон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јунајтед и Рома се договорија, сега Санчо треба да ја договори платата со „волчицата“

Манчестер јунајтед се согласи да го продаде Џејдон Санчо во Рома за 23 милиони евра, но англискиот репрезентативец сè уште не ги договорил финансиските услови, ќе мора да прифати намалување на платата.
Италијанските медиуми објавија дека клубовите постигнале договор за позајмица со обврска за откуп на договорот од 23 милиони евра.
Јунајтед е заинтересиран да го продаде Санчо, чиј договор истекува следното лето, но големиот проблем е платата на 25-годишникот од 15 милиони евра по сезона.
Со оглед на тоа дека ова е далеку над можностите на Рома, клубот му предложи на Санчо да потпише петгодишен договор за да ја распредели својата плата.
Санчо би заработувал околу 4,5 милиони евра по сезона на Олимпико плус бонуси.
Јувентус и Бешикташ се исто така заинтересирани за Санчо.
Санчо ја започна својата кариера во Борусија Дортмунд, од каде што се пресели во Манчестер јунајтед во 2021 година. Тој беше отстранет од тимот во септември 2023 година поради недостаток на посветеност и недисциплина, а вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Дортмунд.
Минатата сезона играше на позајмица во Челзи.
Спорт
Елмас на радарот на клубови од Италија, Турција и Англија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Лајпциг. Елмас, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Торино. Лајпциг за неговите услуги бара околу 20 милиони евра.
Најреално во овој момент е Елмас да се врати во Италија. Торино сака да го откупи од Лајпциг, но не и да плати 20 милиони.
Проблем со финансиите нема поранешниот клуб на макеоднскиот репрезентативец, Наполи. Засега актуелниот италијански шампион важи за најголем фаворит за неговиот потпис.
Фудбалскиот инсајдер Екрем Конур, тврди дека покрај Наполи и Торино, интерес за 25-годишникот покажале Бепикташ и Вест Хем.
Foto/ EPA/ELISABETTA BARACCHI
Спорт
Нотингем Форест го потврдија МекАти и го финализира трансферот на Даглас Луиз

Нотингем Форест со два трансфери ќе го затвори преодниот рок. Сезоната „шумарите“ ќе се натпреваруваат во Лига Европа.
Горест досега го напуштија Еланга, Данило, Соса; Тарнер и Омобамиделе, а во клубот пристигнаа Хачисон од Ипсвич, Ендоје од Болоња, Хесус и Куња од Ботафого и Ган од Норич.
Клубот доцна синоќа го потврди трансферот на Џејмс МекАти. Англискиот играч за врска доаѓа од Манчестер сити во трансфер вреден 35,4 милиони евра. Сити вклучи клаузули во договорот за право на откуп и процент од идните продажби, објави Фабрицио Романо.
Последното засилување треба да биде Даглас Луиз кој не се снајде во Јувентус и се очекува по само една сезона да се врати во Премиер лигата.
Фудбалерот се договорил со Нотингем, останува истото да го сторат и клубовите.
„Шумарите“ понудила околу 30 милиони евра и одередни бонуси, а сето тоа би можело да биде доволно за Јувентус да го затвори овој трансфер.