Спорт
„Замер ми вели: Дарко, бегај од Интер, ова нема никаква врска со фудбалот“
Поранешниот германски репрезентативец и најдобар играч во Европа во 1996 година. Матијас Замер буквално избега од Интер по само шест месеци, Денис Бергкамп исто така си замина разочаран, но Дарко Панчев беше тврдоглав, со голема желба да им докаже на Италијанците дека е во право и на крајот не беше во право: „За жал, поединецот не може против клубот“, вели во интервју за „Спорт клуб“, Златната копачка на Европа од 1991 година.
Дарко Панчев пристигна во Интер како најголемо засилување во летото 1992 година. Тој беше Златна копачка и еден од најдобрите фудбалери во Европа, но се покажа дека пристигна во погрешно време.
Сезоната пред Панчев да пристигне во Интер, клубот заврши на осмото место во Серија А, си замина познатото германско трио – Матеус, Клинсман и Бреме, а покрај Панчев, во клубот пристигнаа Германецот Матијас Замер, Уругваецот Рубен Соса, Русинот Игор Шалимов и тогашната италијанска ѕвезда Салваторе Тото Скилачи.
Една година подоцна пристигнаа Холанѓаните Денис Бергкамп и Вим Јонк, но никој од гореспоменатите не го памети по добро тој период.
Inter Milan's 1992 summer signings
Ruben Sosa
Igor Shalimov
Matthias Sammer
Darko Pancev
Toto Schillaci pic.twitter.com/QGlg6jriUf— 80s&90sFootball ⚽ (@80s90sfootball) August 9, 2024
„Па, да, бев таму во тој клуб, немам добри спомени. Имав неочекувани проблеми, за жал тоа немаше никаква врска со фудбалот. Видете, отидов таму како професионалец за да играм неколку години и да заработам пари, да си обезбедам подобар живот. Тоа е она што го направив.“
Исто така, се покажа дека Интер имал криза на резултати во тој период.
„Објективно, тој наш тим не беше одличен. Бевме добар, коректен тим. Можевме, на пример, да се бориме за Купот на УЕФА, но да бидеме шампиони не, затоа што во тоа време имаше подобри тимови од нас, особено Милан и Јувентус, но и Фиорентина, Рома, Лацио… Тоа е мое мислење.
Веројатно клубот грешел бидејќи сметал дека е доволно да ги донесе најбараните европски играчи во тоа време, како мене во ’92, како Беркамп во ’93. и дека работата е завршена. Но фудбалот е колективна игра, има 11 играчи и Интер мораше да донесе неколку италијански фудбалери, добри играчи за да биде навистина сериозен тим. Тоа не се случи, не беше така и на крајот затоа Бергкамп си замина по две години разочаран, нормално за да се спаси себеси и својата кариера.“
Бергкамп се пресели во Арсенал и таму направи одлична кариера. Уште подрастичен пример беше Замер, тој во Интер се задржа само шест месеци. Брзо се врати во Германија и во 1996 година стана најдобар фудбалер во Европа во дресот на Борусија Дортмунд.
„Матијас Замер си замина по само шест месеци. Се сеќавам дека ми рече: Дарко, бегај од тука, ова нема никаква врска со фудбалот. Едноставно така беше. Си заминаа, се спасија. За жал, бев малку тврдоглав, погрешив што останав. Да си заминев веројатно ќе си ја спасев кариерата, но така се случи“, наведува Дарко Панчев. Тој не е среќен кога се сеќава на тој период. Дојде како најдобар стрелец во Европа и не го доби статусот што го заслужуваше.
„Бев турнат во втор план. Не ми дозволија да играм. Ме уценуваа да го сменам договорот. Ми се закануваа да го сменам договорот ако сакам да играм. Значи, имаше непријатни моменти. Ме фати инает. Им реков: „Доколку е потребно, повеќе нема да играм фудбал, нема да менувам ништо“, бев малку тврдоглав во врска со тоа и заврши така како што заврши.“
Премногу доцна ја сфати својата грешка, но потоа направи уште една, можеби и поголема.
„Мојата втора голема грешка беше во декември, по шест месеци, кога Алекс Фергусон испрати факс, ме бараше во Манчестер јунајтед и јас, будала, реков ќе останам во Интер за да покажам и докажам дека можам. Но, за жал, поединецот не може против клубот, па затоа, тоа беше лоша проценка од моја страна и се покажа лошо за мене и кариерата.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

