Контакт

Спорт

Без разлика како ќе заврши финалето, Инзаги ќе го напушти Интер

Објавено пред

ПСЖ и Интер ќе го играат финалето на Лигата на шампионите во Минхен во 21 часот.
И додека навивачите на Интер со нетрпение чекаат шанса да ја освојат четвртата титула европски шампион во историјата, во Минхен ги шокира шпекулација од француските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Имено, како што пишува „Фут Меркато“, по финалето, тренерот Симоне Инзаги би можел да ги напушти „нераѕурите“.

Според овој извор, италијанскиот стручњак усно се договорил со Ал Хилал и дека, доколку ништо значајно не се промени, треба да потпише договор вреден 30 милиони евра по сезона во наредните денови.

Ова сценарио би било ужасно за италијанскиот гигант. Инзаги не само што се смета за врвен тренер, туку и за еден вид архитект на новиот Интер во кој, со не толку импресивна финансиска состојба, изгради тим кој е национално и глобално релевантен.

49-годишниот поранешен напаѓач го предводи Интер од летото 2021 година. Минатата сезона ја освои шампионската титула. Ове беше во трка со Наполи до последното коло, но на крајот освои бод помалку и остана без нова титула.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Армани Милано подготвил четири милиони за Милутинов

Објавено пред

Италијанските медиуми објавија дека Никола Милутинов би можел да го засили Армани Милано. Истите извори пренесоа детали од финансиската понуда, според која српскиот центар би станал еден од најплатените играчи во Европа.

dobivaj vesti na viber

Никола Милутинов и Олимпијакос нема да преговараат по завршувањето на финалната серија во грчкото првенство.

Според сознанијата на грчкиот портал „Спорт24“, деталите за соработката, која е блиску до официјализација, веќе се познати.

Милутинов би можел да потпише договор на две години, за плата од 4 милиони евра.

Во првата година, српскиот центар би заработувал 1.800.000 евра, додека во втората би заработил 2.200.000 евра. За третата сезона не беше наведено колку би можел да заработи Милутинов.

Милутинов минатата сезона во Евролигата имаше просек од 8,2 поени со 5,4 скока и просек од 20 минути на паркетот. Дел од сезоната беше повреден, па тоа влијаеше и на неговата игра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Баерн се вклучува во трката за потписот на Нико Вилијамс

Објавено пред

Нико Вилијамс долго време е интересен за многу големи клубови низ Европа.

dobivaj vesti na viber

Барселона, минатото лето беше заинтересирана за овој млад фудбалер, кој се премисли во последен момент и реши да остане во Билбао. Наводно Арсенал сериозно е заинтересиран, а сега во трката се вклучил и Баерн.

Според германски „Билд“, шпанскиот фудбалер бил скаутиран од директорите на Баерн, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, за време на натпреварот против Франција, во Лигата на нации.

Олеснителна околност за Баерн треба да биде откупната клаузула за Вилијамс, која не е поголема од 60 милиони евра, што за гигант како клубот од Минхен не би требало да биде проблем.

Овој крилен напаѓач одигра 29 натпревари за Атлетик Билабо минатата сезона, постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Интер подготвиле договор за Киву

Објавено пред

Кристијан Киву, до крајот на денот треба да потпише договор со Интер, тврдат италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Романецот, вчера бил во хотел во центарот на Милано, каде што имал разговор со челниците на Интер и како што стојат работите, состанокот поминал добро.

Киву треба да потпише двегодишен договор овој петок, по што официјално би бил претставен како нов тренер на Интер.

Тој доаѓа на тренерската позиција во клубот на местото Симоне Инзаги, кој гзамина по дебаклот во финалето на Лигата на шампионите и го презеде тимот на Ал Хилал.

Досега, Киву работеше како тренер само во младинските категории на Интер, а оваа сезона го водеше првиот тим на Парма, успеа да избори опстанок во Серија А.

Киву, играч доби „кредит“ беше дел од најславните моменти на клубот. Играше за Интер од 2007 до 2014 година, а во сезоната 2009/10 ја освои тројната круна, што е најдобрата сезона во историјата на клубот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....

Македонија5 часа

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно...

Македонија7 часа

СДСМ нема да му се извини на Љутков: „Сѐ што објавивме е вистина“

Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат...

Македонија7 часа

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет7 часа

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет8 часа

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет8 часа

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија9 часа

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура9 часа

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија21 час

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија24 часа

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија1 ден

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија1 ден

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во...

Македонија1 ден

„Шоферот го унапредил во службеник, вработена во кабинетот ја поставил за претседател на Управен во Опера и Балет, зошто на Љутков му се дозволува аздисување“, прашува СДСМ

„СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков....

Македонија1 ден

Арсовска: Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат

Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска....

Македонија1 ден

СВР Скопје го расчисти убиството во обид од 1 јуни, поднесени кривични пријави против три лица

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес-клуб во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение...

Европа1 ден

(Видео) Нови сателитски снимки го откриваат обемот на историската украинска операција

Новите сателитски снимки и снимките од нападот со дронови покажуваат сериозни оштетувања на руските авиони во неколку воздухопловни бази за...

Свет1 ден

Севернокорејскиот лидер вети безусловна поддршка за Русија на средбата со Шојгу

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу во вторникот, објави државната...