Спорт
Баер Леверкузен одбил 135 милиони евра за Вирц

Флоријан Вирц, брилијантниот 22-годишен германски офанзивен играч за врска, се договорил со Ливерпул, во кој сака да се пресели од Баер Леверкузен. Сега чека клубовите да се договорат за да може да се пресели на „Енфилд“.
Како што објави „Билд“, првичната понуда од 135 милиони евра била одбиена од Леверкузен, тие бараат минимум 150 милиони евра.
Оваа сезона, Ливерпул веќе купи играч од Леверкузен, Џермејн Фримпонг. За Холанѓанецот „црвените“ платија 40 милиони евра.
Вирц, кој има две фантастични сезони во Леверкузен, е желба на многу клубови, но Ливерпул има предност. Челниците на Баер се свесни дека фудбалерот сака да го напушти клубот, подготвени се да преговараат, но не и да ја намалат цената, пишува „Билд“.
Доколку Ливерпул плати повеќе од 100 милиони евра, што е сигурно, тоа ќе биде најголемиот дојдовен трансфер во историјата на црвениот клуб.
Вирц, минатата сезона, тој постигна 16 гола и забележа 15 асистенции во 45 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Норвешка за полувреме ја победи Италија

Италија доживеа тежок пораз во Осло во квалификациите за пласман на Светското првенство. Норвешка славеше со 3:0, со головите постигнати во првото полувреме. Норвашка во третиот меч во квалификациите ја забележа третата победа, додека Италија со пораз го стартуваше квалификацискиот циклус.
Италија одигра еден од најлошите натпревари во последните неколку години, биквално беа прегазени од Норвешка во првиот дел. Ова е големо предупредување за нив пред останатите натпревари во квалификациите. За среќа на Италија, тие играа против најтешкиот ривал во групата во која се и Израел, Молдавија и Естонија.
Стрелци за Норвежаните беа Серлот, Нуса и Халанд.
Спорт
Синер го запре Ѓоковиќ на Ролан Гарос

Јаник Синер ќе му се спротивстави на Карлос Алкараз во финалето на Ролан Гарос. Првиот носител во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ со 6:4, 7:5, 7:6.
Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека може да игра на врвно ниво дури и на 38 години. Дури имаше три сет-топки во третиот сет, но Синнер сепак за Србинот е енигма во овој момент.
Италијанецот едноставно немаше слаба точка што Србинот можеше да ја експлоатира. Големата поддршка од трибините, од публиката, која повеќе беше наклонета кон српскиот ас, исто така не му помогна.
Првиот сет беше решен во петтиот гем. Синер дојде до брејк и не го испуштидо крајот на сетот.
Вториот сет беше драматичен во финишот, откако Синер направи брејк во седмиот гем и поведе со 4:3. Ѓоковиќ успеа да се врати во гемот, во кој Синер сервираше за водство од 2:0. Изедначи на 5:5, но во 11.гем лесно го „продаде“ својот сервис, во ситуација кога водеше 40:15.
Тратиот сет донсе кулминација на драмата. На сервис на Синер, Ѓоковиќ имаше три сет топки, не успеа да ги икористи, а во тај-брејот Италијанецот издоминира. Клучен беше третиот поен, кога Ѓоковиќ не успеа да го врати мини-брејкот, чист смеч лансираше во мрежата.
Ова беше нивни деветти натпревар, а Синер сега води со 5:4, со напомена дека ги доби последните четири дуели. Италијанецот го чека ден за одмор, а птооа финалето против Алкараз, додека Ѓоковиќ ќе ги започне подготовките за Вимблдон.
Спорт
(Видео) Спектакуларен гол на Алиоски, Македонија освои бод против Белгија

Фото/ Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без победник 1:1 (0:1) во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Во рамките на Ј групата, Белгија го имаше поседот, повеќе удари кон голто на Димитиревски и повеќе корнери, но Македонија имаше повеќе зрели шанси и еден поништен гол, поради минимален офсајд.
Де Кујпер го отвори резултатот во 29.минута и на тој начин сурово ги казни промашувањата на македонските репрезнетативци.
Maxim De Cuyper | 🇲🇰 North Macedonia 0-1 Belgium 🇧🇪 pic.twitter.com/SwSvqwFKss
— JONERO♏♂️ (@JONERO10) June 6, 2025
Ударот на Барди со крајни напори го одбрани голманот Селс, а во 27.минута најпрвин Елмас ја погоди стативата со одличен удар од 18 метри, топката се одби на ногата на Алиоски кој од 7-8 метри наместо празната мрежа ја погоди стативата.
Во вториот дел Елмас постигна гол во 48.минута, ВАР веднаш се јави, долго траеше прегледувањето на ситуацијата, на крајот пресудата беше дека Илиевски бил во офсајд и влијаел на играта.
Конечно македонските фудбалери беа наградени за борбената игра во 87.минута, кога Чурлинов му асистираше на АЛиоски, а овој постигна брилијантен гол.
Македонија за три дена ќе гостува во Астана, кај Казахстан, а Белгија ќе го пречека Велс.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6s7qq9″,”div”:”rumble_v6s7qq9″});