Спорт
Саудијците имале прелиминарни разговори со Лео Меси
Светските медиуми, вечерва објавија сензационална вест дека вратите на саудиската професионална лига се широко отворени Лионел Меси и најавуваат почеток на преговори.
Саудискиот јавен инвестициски фонд наводно повторно отворил преговори со Аргентинецот, со потсетување дека двете страни имале неколкумесечни преговори во 2023 година, но потоа Меси сепак се одлучи за МЛС и Интер Мајами.
Прелиминарните разговори се само вовед, бидејќи договорот на Меси истекува на крајот од оваа година и тој би можел да потпише договор со кој било клуб како слободен агент на 1 јули.
Во Саудиска Арабија се прави сè за да се оживее соперништвото меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо, кој сега е поблиску до останување во Ал Наср.
Извор близок до Лео Меси вели дека тој останува целосно фокусиран на своите обврски во Интер Мајами, но дека се направени контакти меѓу двете страни. Сè уште ништо не е постигнато, но вратата на Саудиска Арабија е широко отворена за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Можен клуб за кој Меси би бил познат дури по завршувањето на преговорите. Саудискиот инвестициски фонд прво сака да ги разбере неговите намери.
Наводно, Меси не е задоволен од напредокот на МЛС, очекувал лигата да биде многу посилна.
Од друга страна, Саудијците инвестираат сè повеќе и доведуваат врвни фудбалери и тренери. Последен е Симоне Инзаги, кој штотуку ја заврши соработката со Интер и во наредните денови треба да потпише тригодишен договор со Ал Хилал, според кој ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

