Забава
Не престануваат да веруваат во љубовта: хороскопски знаци што се заљубуваат во вистинските луѓе во погрешно време

Има моменти во животот кога сè изгледа идеално – чувствата се искрени, врската е длабока, а меѓусебната привлечност е несомнена. Но, понекогаш судбината има други планови. Заљубувањето во вистинската личност во погрешно време е една од најтешките лекции што животот може да ги научи.
Некои хороскопски знаци се посклони кон такви судбоносни ситуации – не затоа што не знаат како да сакаат, туку затоа што се заљубуваат во моменти кога другата личност сè уште не е подготвена. Подолу, ви ги носиме трите знаци кои најчесто доживуваат ваков вид љубовна дилема.
Рак
Раковите се емоционално најчувствителниот знак на зодијакот. Нивната потреба за блискост и безбедност честопати ги води до ситуација каде што се заљубуваат во некој кој едноставно не може да им ги возврати чувствата во тој момент. Иако нивните намери се чисти и нивните чувства се искрени, често се случува личноста во која се заљубиле да поминува низ лична криза, да завршува претходна врска или едноставно да не е подготвена за нова љубов.
За жал, токму оваа несовпаѓање во времето често остава длабоки рани. Но, Раковите не престануваат да веруваат во љубовта – тие само стануваат повнимателни кога повторно ќе ги почувствуваат пеперутките во стомакот.
Вага
Вагите се познати по тоа што бараат рамнотежа, убавина и меѓусебно почитување во љубовта. Но, тие често се заљубуваат кога околностите се сè освен идеални. Нивната желба сè да изгледа и да функционира совршено може да ги доведе до ситуации каде што се обидуваат да одржат врска со некој што сè уште се опоравува од траума од минатото.
Во очите на другите, тие често изгледаат како некој што ги сака погрешните луѓе, но вистината е подлабока – Вагите едноставно го препознаваат потенцијалот и веруваат дека сè може да се поправи ако има љубов. Но, кога сè ќе се распадне, тие сфаќаат дека се заљубиле во погрешно време.
Стрелец
Стрелците се авантуристи и оптимисти кои веруваат во моќта на судбината. Кога се заљубуваат, тие не размислуваат премногу за практични работи – каде, кога и како. Ако нивното срце каже „да“, тие ќе се предадат на своите чувства, дури и ако другата личност можеби поминува низ тежок период во својот живот или е несигурна што сака.
Стрелците веруваат дека сè може да се реши преку искреност и отворена комуникација. Сепак, оваа потреба за слобода честопати ги води кон започнување врски кои едноставно не се засновани на реалноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Есента пристигна, време е да се зајакне имунитетот

Со доаѓањето на есента, деновите стануваат пократки, температурите се намалуваат, а времето сè почесто е променливо. Овие услови носат поголем ризик од настинки и вирусни инфекции, па затоа потребно е навремено да се зајакне имунитетот.
Лекарите потсетуваат дека здравиот имунолошки систем е клучен за справување со сезонските предизвици. Тие советуваат редовна и разновидна исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, кои се извор на витамини и антиоксиданси. Особено се препорачуваат намирници богати со витамин Ц, како цитрусното овошје, кивито и пиперките.
Физичката активност, дури и во поладните денови, исто така е од големо значење. Брзото пешачење, лесното трчање или вежбањето дома можат да помогнат во одржување на енергијата и подобрување на општата состојба на организмот.
Стручњаците дополнително советуваат доволно сон и намалување на стресот, бидејќи тие се меѓу најчестите фактори кои го ослабуваат имунитетот.
Есента може да биде убава и пријатна, доколку се грижиме за нашето здравје и превентивно го зајакнеме организмот за студените денови кои следуваат.
-
Вклучете повеќе овошје и зеленчук – јаболка, круши, киви, цитрусно овошје, моркови и тиква. Овие намирници се богати со витамини Ц и А, кои го зајакнуваат организмот.
-
Консумирајте намирници богати со цинк – ореви, семки од тиква, интегрални житарки и мешунки, бидејќи цинкот игра важна улога во одбраната од инфекции.
-
Додајте пробиотска храна – јогурт, кефир и кисела зелка, кои ја поддржуваат здравата цревна флора и го јакнат имунитетот.
-
Не заборавајте на топли супи и чорби, особено оние со зеленчук и домашна пилешка супа, кои се вистинска „вакцина“ од природата во студените денови.
-
Вклучете мед и ѓумбир во секојдневната исхрана, познати по своите антибактериски и антиинфламаторни својства.
Топли чаеви за есенски денови
-
Чај од ѓумбир и лимон – ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува одбранбената моќ на телото.
-
Чај од шипка – богат со витамин Ц, помага против замор и настинки.
-
Чај од камилица – го смирува телото, го намалува стресот и помага за подобар сон.
-
Чај од мајчина душица и нане – корисен за дишните патишта и во борба со кашлица.
-
Зелен чај – природен антиоксиданс, кој го зајакнува
Забава
(Фото) Сексапилната актерка повторно воодушеви во проѕирен фустан

Холивудската актерка Дакота Џонсон се појави на Филмскиот фестивал во Цирих и воодушеви со уште еден проѕирен фустан.
Секое појавување на оваа убавица привлекува внимание, а се чини дека наскоро ќе стане синоним за чипкани, проѕирни комбинации, со оглед на тоа што успеа да ги воодушеви сите со уште еден.
Таа прошета во Цирих во син фустан чиј горен дел е направен од чипка и е проѕирен, додека долниот дел е малку поширок, направен од тил и доста волуменозен.
Како и обично, фокусот беше на природната убавина, па Дакота ниту овој пат не претеруваше со вечерната шминка, а косата ја остави да паѓа во бранови.
На својот стајлинг додаде обетки и два импресивни прстени, а сите собрани ги разоружа со насмевка.
Во текот на вечерта, таа беше наградена и со наградата „Златно око“ за животно дело, па нејзината кариера е побогата за ова значајно признание.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Селена Гомез се мажи овој викенд: објави снимка на социјалните мрежи

Актерката, пејачка и претприемачка Селена Гомез наговести дека овој викенд се мажи за музичкиот продуцент Бени Бланко, пишува „Дејли меил“.
Имено, Селена Гомез објави видео од маса полна со производи за шминкање на официјалниот Инстаграм профил на нејзиниот бренд за убавина „Rare“.
Покрај производите за убавина, имаше и мобилен телефон, како и црни очила за сонце и сребрена чанта.
„Јас цел викенд“, кратко напиша пејачката.
Видео материјалот ја разбуди имагинацијата на многу нејзини обожаватели, а тие сега претпоставуваат дека Селена ќе го каже судбоносното „ДА“ во текот на викендот, бидејќи… Исто како и секоја невеста, таа ќе посвети доста време на разубавување и нанесување шминка за големиот ден.
Некои американски медиуми веќе објавија дека актерката ќе се мажи овој викенд.