Свет
Кинескиот претседател: Белорусија е вистински пријател на Кина
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг, примајќи го претседателот Александар Лукашенко денес, ја пофали Белорусија како вистински пријател и го повика овој руски сојузник да ѝ се придружи на Кина во отпорот кон хегемонијата и малтретирањето.
Ова е прва посета на Лукашенко на Пекинг откога прогласи победа на претседателските избори во јануари продолжувајќи го своето 31-годишно владеење во поранешната советска република.
Белоруската економија е силно погодена од западните санкции и од трговските царини поради поддршката за Русија во војната со Украина.
Отсечен од западните пазари, Минск се сврте кон исток.
Шји му честита за неговиот реизбор и додаде дека Кина и Белорусија се „вистински пријатели и добри партнери, кои се однесуваат едни кон други со искреност и доверба“.
„Традиционалното пријателство меѓу двете земји трае многу долго време, а политичката меѓусебна доверба е нераскинлива“, рече тој.
Нагласи дека двете земји треба да се спротивстават на „хегемонијата и малтретирањето и да ја бранат меѓународната праведност и правда“.
Лукашенко, според белоруската новинска агенција „Белта“, рече дека Шји „многу прецизно ја детектирал главната карактеристика на нашето време – невидениот притисок на Западот врз нас, особено врз Народна Република Кина“.
„Дури и денес, многу земји, вклучително и Белорусија, се свртуваат кон вас – Пекинг“, рече Лукашенко.
Во текот на изминатите три години Лукашенко ја посети Кина 15 пати и смета на Пекинг како давател на кредити и инвестиции.
Минск исто така бара помош од Пекинг во трансформацијата и модернизацијата на својата индустрија, а минатата година официјално стана земја партнер на БРИКС и членка на Шангајската организација за соработка (ШОС).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

