Спорт
Тијаго Сплитер дефинитивно го напушта Париз
Тренерот на кошаркарскиот клуб Париз, Тијаго Сплитер, ќе го напушти клубот и ќе стане член на тренерскиот штаб на НБА франшизата, Портланд Трејл Блејзерс.
Сплитер ќе стане помошник на главниот тренер на Трејл Блејзерс, Чонси Билапс, според бројни медиуми.
Поранешниот бразилски репрезентативец со тоа се враќа во Соединетите Американски Држави, каде што имаше одлична кариера. Откако се истакна во Европа, неговиот дрес беше повлечен од употреба од Басконија во нејзината сала во Виторија, поранешниот центар ја освои и титулата во НБА.
Сплитер беше играч на Басконија, односно Тау Керамика, десет години од 2000 до 2010 година. Тој беше во Сан Антонио во следните пет сезони, а во 2014 година ја освои и титулата во НБА.
За време на „локаутот“ во 2011 година, кратко играше во Валенсија. По Спарс, Тијаго сè во НБА играше за Атланта и Филаделфија.
Најдобрата сезона на Сплитер беше 2012/2013 кога пропушти само еден натпревар за Сан Антонио, а во просек бележеше 10 поени и шест скока.
По пензионирањето, сега 40-годишникот беше асистент во Бруклин Нетс од 2019 до 2023 година. Сезоната 2023/2024 ја помина во Хјустон Рокетс, пред да стане главен тренер на Париз.
Портланд го продолжија договорот со својот тренер, членот на шампионската генерација на Детроит Пистонс. Дополнително, неодамна ги доведоа првиот асистент на Мемфис Гризлис, Патрик Сент Ендрус, и тренерот на шампионот од Џи-лигата, Стоктон Кингс, Квинтон Крофорд.
Мемфис сега го предводи претходникот на Сплитер на клупата на Париз, Томас Исало, а наследник на Бразилецот би можел да биде Италијанецот Франческо Табелини, кој се истакна на клупата на Нимбурк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

