Спорт
(Видео) Бразил и Еквадор се пласираа на Мундијалот

Бразил и Еквадор обезбедија пласман на Светското првенство. Ова е епилогот од одиграните натпревари во јужноамериканската зона.
Бразил, на дебито на карло Анчелоти пред домашната публика го победи Парагвај со 1:0. Маките на Анчелоти ги скрати неговиот играч од Реал Мадрид, Винисисус Жуниор во 44.минута.
Во спектакуларна атмосфера, Винисиус постигна гол по изборедниот пробив и додавањето од новиот играч на Манчестер јунајтед, Матеус Куња.
На две кола до крајот на квалификациите, место на Мундијалот обезбеди и Еквадор. Со играч помалку Еквадорците на гостувањето против Перу одиграа 0:0.
Уругвај е исто така пред пласман, откако го победи својот директен конкурент Венецуела дома со 2:0. За четири минути Уругвајците го решија натпреварот. Стрелци беа Агире во 43-тат и Де Араскаета во 47-та минута. До крајот, гостите немаа сила за пресврт, па ќе се борат со Боливија за местото што води во плејофот.
Аргентина беше голем фаворит против Колумбија на „Монументал“ во Буенос Аирес, но на крајот мечот заврши 1:1. Гостите имаа сè во свои раце, поведоа во 24-та минута преку Дијаз.
Колумбијците имаа и играч повеќе, Енцо Фернандез доби директен црвен картон во 70-та минута. Но, светскиот шампион се извлече, Алмада спречи пораз на својот тим со гол во 81-та минута.
Табела, Јужна Америка:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лукман официјално побара трансфер

Сагата околу Адемола Лукман (27) и неговото заминување од Аталанта доби нов заплет. Нигерискиот напаѓач ги потврди медиумските извештаи и објави дека поднел официјално барање за трансфер, обвинувајќи го клубот дека го блокирал неговиот трансфер во Интер и покрај, како што тврди, задоволителната понуда од 45 милиони евра. Тој ја сподели својата верзија на приказната во објава на Инстаграм.
„Во текот на изминатите три години во Аталанта, дадов апсолутно сè. Не само како фудбалер, туку и како личност. Секогаш го носев дресот со гордост и се обидував да го претставувам овој клуб и градот Бергамо со срце, страст и посветеност.
Дојдов тука со надеж дека ќе му помогнам на овој посебен клуб да расте и заедно создадовме спомени што засекогаш ќе останат во мене. Освојувањето на Лигата на Европа и стоењето рамо до рамо со моите соиграчи таа вечер во Даблин, славејќи со нашите навивачи, беше еден од најгордите моменти во мојата кариера досега.
Аталанта, а особено нејзините навивачи, станаа дел од мене. Ова место ми беше како дом од моментот кога пристигнав и секогаш се обидував да ја вратам таа љубов, дури и кога работите не беа лесни.
Затоа е толку тешко да се напише ова. Го сакав секој момент, но чувствувам дека сега, по три прекрасни години во Бергамо, е вистинското време да продолжам понатаму и да доживеам нова авантура.
Клубовите во минатото ѝ пристапуваа на Аталанта и јас секогаш останав лојален. Сепак, јас и сопствениците на клубот се согласивме дека сега е вистинското време и клубот јасно стави до знаење дека доколку пристигне фер понуда, ќе ме пуштат да си заминам. И покрај тоа што сега добив понуда во согласност со она што верував дека е договорено, клубот за жал ја блокира можноста од причини што не ги разбирам.
Како резултат на тоа, и по многу месеци прекршени ветувања и она што го сметам за лош третман кон мене како човечко суштество и како професионален фудбалер, за жал чувствувам дека немам друг избор освен да зборувам за она што верувам дека е исправно. Чувствувам дека тоа е доволно. Можам да потврдам дека поднесов официјално барање за трансфер.
На навивачите, срцето на овој клуб, сакам да го кажам следново: Навистина ми е жал што дојде до ова. Се надевам дека можете да ја разберете оваа неверојатно тешка ситуација. Едноставно се борам за она што мислам дека е фер и исправно“, заклучи Лукман.
За време на својата кариера, Лукман играше за Чарлтон, Евертон, РБ Лајпциг, Фулам и Лестер. Аталанта за него плати 10,85 милиони евра пред три години и оттогаш има 118 настапи, 52 гола и 25 асистенции за клубот од Бергамо. Минатата година ја освои Лигата на Европа со Аталанта и беше прогласен за најдобар африкански фудбалер.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Легендарниот капитен Сон во солзи се збогува со Тотенхем

Хјонг-Мин Сон го одигра последниот натпревар за Тотенхем. Кореецот, по десет години, 173 гола, се збогува со клубот. Сон кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес.
И тоа е она што ќе се памети од пријателскиот натпревар меѓу Њукасл и Тотенхем (1:1), одигран во Сеул.
Џонсон му донесе водство на Тотенхем во 4-та минута од играта, а Барнс израмни во 38-та минута.
Oh son heung min you’re so so loved😭🤍 pic.twitter.com/JhOUSjbWro
— ☀️🌙 (@narharisonshine) August 3, 2025
За жал, тоа не беше сè на овој пријателски натпревар, за да бидат работите доста алармантни за Тотенхем, по само 11 минути на теренот се повреди Џејмс Медисон.
Тој остана на да лежи со болна гримаса, се чини дека станува збор за сериозна повреда.
James Maddison looks like he's gone down with a serious injury. Gutted for him. pic.twitter.com/Lr2iDWk0YP
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) August 3, 2025
Спорт
Леклер бесен на Ферари: Мора да ме слушате

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изненади со освојувањето на пол-позицијата за Големата награда на Унгарија во саботата, а еден ден подоцна мораше да се задоволи со четвртото место на трката.
Леклер го презеде водството од самиот почеток и брилијантно се држеше до втората промена на гумите, кога падна во редоследот зад двајцата возачи на Мекларен, и беше престигнат од Џорџ Расел во Мерцедес.
Дури и пред Британецот да успее да го загрози, Леклер имаше порака за својот тим, кој го повика во боксот пет круга пред Пјастре, што го чинеше во борбата и за подиумот и за победата.
„Ова е неверојатно фрустрирачко. Ја изгубивме целата конкурентност. Мора да ме слушате, би нашол друг начин да се справам со тие проблеми. Сега автомобилот не може да се вози, не може. Ќе биде чудо ако завршиме на подиумот“, рече Леклер.
И чудото не се случи, бидејќи Расел го престигна Леклер на осум круга до крајот на трката, а возачот на Ферари беше казнет и за агресивната одбрана од возачот на Мерцедес.
Победата на Големата награда на Унгарија ја однесе возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој се одбрани од нападите на тимскиот колега Оскар Пјастри, во последните три круга, додека Расел беше трет, повеќе од 20 секунди зад двоецот на Мекларен и исто толку пред Леклер.
Формула 1 сега има летна пауза што трае до Големата награда на Холандија во „Зандворт“, која е на програмата од 29 до 31 август.
Foto/ EPA/Zsolt Czegledi