Контакт

Спорт

Милутинов не мрда од Олимпијакос

Објавено пред

Српскиот репрезентативец Никола Милутинов брзо ја заврши сагата каде ќе ја продолжи кариерата.

dobivaj vesti na viber

Олимпија од Милано испрати конкретна понуда, а Панатинаикос финансиски најдобра. Сепак, тој одлучи да остане во Олимпијакос.

Клубот од Пиреја официјално објави дека потпишал нов тригодишен договор со српскиот центар, кој ќе трае до летото 2028 година.

Со оваа информација заврши „сапуницата“, која ја создаде Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, со понудата од дури девет милиони евра за следните три сезони.

Милутинов, и покрај тоа, одлучи да остане во црвено-белиот дрес за помала, но сепак огромна сума пари. Според извештаите, тој добил седум милиони евра за договор 2+1, односно околу 2,33 милиони евра по сезона.

Србинот беше еден од клучните играчи во финалната серија од плејофот на грчкото првенство, во која Олимпијакос го победи ПАО со вкупен резултат 3:1.

Тој имаше просек од 14 поени, 7,5 скока, две асистенции и индекс на корисност од 24.

Во Евролигата, тој имаше просек од 8,2 поени, 5,8 скока и 0,7 блокади во 29 натпревари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

АЕК не излезе на теренот, ЕХФ жестоко го казни Партизан

Објавено пред

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ја донесе конечната одлука во врска со инцидентите во полуфиналниот натпревар од Купот на ЕХФ помеѓу Партизан и АЕК Атина.

dobivaj vesti na viber

Во реваншот во Белград, грчките ракометари за време на загревањето, кога експлодираа две петарди, решија да се повлечат и да не го играат натпреварот.

Подоцна, реваншот се одигра во бугарскиот град Шумен, кога Партизан го надомести дефицитот од пет гола, но потоа беше елиминиран по изведувањето пенали.

ЕХФ, одреди драконска казна за спрскиот шампион.

Црно-белите ќе ги играат следните пет европски натпревари без публика, три веднаш на почетокот на следната сезона, а две подоцна.

Српскиот шампион беше казнет и со вкупно 19.500 евра – 15.000 за однесувањето на навивачите и 4.500 за политички транспарент.

Клубот ќе ги сноси сите трошоци за организирање на натпреварот во Шумен, каде што беше одигран реваншот со Грците.

Жалбата е можна во рок од седум дена.

Слична тактика челниците на АЕК се обидоа да применат и во финалето против Алкалоид во Скопје. Откако Алкалоид го доби првиот меч во Атина (29:25), во реваншот ракоемтарите на грчкиот тим одбија да излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“ бидејќи нивните навивачи не биле во салата.

На крајот, по речиси две недели, ЕХФ донесе одлука да го регистрира мечот со службен резултат 10:0 и да му ја додели титулата на Алкалоид.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“

Објавено пред

На Дејвид Бекам му беше доделена титулата „Сер“ од британскиот крал Чарлс III.

dobivaj vesti na viber

Познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед го доби ова признание на доделувањето на наградите по повод роденденот на британскиот крал, привилегија што ја имаат само мал број луѓе.

Покрај Бекам, оваа титула претходно ја освоија легенди на Јунајтед како што се Боби Чарлтон и Алекс Фергусон. Бекам ја доби титулата „сер“ поради неговиот „голем придонес“ за државата.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед играше и за ПСЖ, Реал Мадрид, Милан и ЛА Галакси, а имаше 115 настапи за репрезентацијата на Англија.

„Растејќи во Источен Лондон со родители, баби и дедовци кои беа толку патриотски настроени и горди што се Британци, никогаш не можев да замислам дека ќе добијам толку големо признание“, рече Бекам.

Бекам е 14-ти на листата на фудбалски работници кои ја добиле титулата „Сер“ во Британија. На таа листа има и четири тренери на Англија, а последен што ја добил оваа титула е Гарет Саутгејт.

Бекам моментално е сопственик на Интер Мајами, каде што игра Лионел Меси.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Оклахома го врати брејкот, Шеј ги предводеше Тандер до 2:2 во финалната серија

Објавено пред

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер успеаја да го вратат брејкот и да триумфираат на гостинскиот терен во Индијанаполис. Тандер го победија Индијана Пејсерс со 111:104.

dobivaj vesti na viber

Во натпревар полн со драма и пресврти, Пејсерс изгледаа како тим кој има целосна контрола на она што се случува на теренот, двоцифрено водство, поддршка од полна сала и моментум на нивна страна.

Сепак, сето тоа падна во вода во неизвесна завршница, во која Оклахома покажа поголема смиреност и зрелост во одлучувачките моменти. Најголемата заслуга за пресвртот оди на сметка на Шеј Гилџис-Александер, кој постигна 15 од последните 16 поени на својот тим во последните четири минути.

На крајот од натпреварот, Шеј постигна 35 поени (11/20 за двојки, 1/4 за тројки, 10/10 слободни фрлања), три скока, три украдени топки и една блокада. Покрај него, значаен придонес даде Џејлен Вилијамс со 27 поени и седум скока, додека Алекс Карусо се истакна со 20 поени и дури пет украдени топки. Чет Холмгрен доминираше во натпреварот со 14 поени и 15 скока, од кои многу дојдоа во клучни моменти на почетокот на последниот период, додека Оклахома се враќаше во игра.

Од другата страна, Пејсерс се распаднаа под притисокот. Бенедикт Матурин, херојот од третиот натпревар кога го предводеше тимот со 27 поени, беше трагичар. Во самиот финиш промаши три слободни фрлања по ред, направи два непотребни фаули.

Паскал Сиакам беше најефикасен за Индијана со 20 поени, осум скока, пет асистенции и пет украдени топки. Тајрис Халибартон запиша 18 поени и седум асистенции, Оби Топин додаде 17 поени со седум скока.

Серијата сега се сели во Оклахома Сити, каде што Тандер ќе се обидат да се приближат на чекор до титулата пред домашната публика. Петтиот натпревар е закажан за ноќта помеѓу понеделник и вторник во 2:30 часот по средноевропско време.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија....

Македонија1 час

Денеска топол ден низ цела Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска нѐ очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер,...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште осум кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука...

Свет12 часа

(Видео) Се шират снимки од иранскиот напад врз Израел

На социјалните мрежи се шират снимки од иранскиот напад врз Тел Авив. Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел,...

Свет13 часа

Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА. Иран истрела стотици различни балистички ракети...

Македонија17 часа

(Видео) Во Гази Баба се гради огромна дива депонија без никакви дозволи, објави Арсовска

Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со...

Македонија19 часа

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани бидејќи немало доволно докази, а...

Македонија20 часа

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Истрагата за пожарот во Кочани вчера беше проширена на уште 13 полицајци од СВР Штип. Според информациите на МВР, тие...

Македонија21 час

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Тој извести...

Македонија21 час

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во...

Економија22 часа

Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да...

Свет22 часа

Како ќе одговори Иран на Израел: пет можни сценарија

Израел го нападна Иран преку ноќ. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и...

Македонија22 часа

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената...

Регион23 часа

ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово,...

Македонија24 часа

Оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера...

Македонија24 часа

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања во Израел и во Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет24 часа

Анализа: Иран ќе го нападне Израел со сè што има

Ова е моментот од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но исто така и го чекаа. Како...

Свет1 ден

Пристигнуваат реакции од целиот свет по израелскиот напад врз Иран

Израел започна напади врз Иран во петокот, насочени кон нуклеарни постројки, фабрики за ракети и воени команданти, а иранските медиуми...

Свет1 ден

(Видео) Израел нападна воени згради во Техеран, објавени снимки

Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети...

Свет1 ден

Кого убија Израелците во нападот врз Иран? Воени шефови, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници беа убиени во израелската операција „Rising Lion“, чија...