Македонија
(Видео) Спасовски: Не треба да правите политиканство, помошта за повредените и семејствата на загинатите во Кочани треба да биде најголем приоритет
СДСМ на денешената собраниска седница побара Законот за Кочани да биде прва точка на дневен ред во Собранието
Пратеникот Оливер Сапасовски, истакна дека, оваа помош и поддршка за повредените и семејствата на загинатите треба да биде најголем приоритет во моментот.
-Сè друго што денеска го гласаме како итна постапка или по скратена постапка резултираше со незаконски решенија, особено оние закони со кои се менуваат, на пример, условите за директори и слично. Ништо не е позначајно од ова. Затоа предлагам овој закон да биде прва точка на дневниот ред на оваа седница. Дајте нешто да направиме заеднички, рече Спасовски.
Тој реагираше на односот на ВМРО-ДПМНЕ и подвлече дека од ова прашање не треба да се прави политика.
-Не треба да правите политика, ниту политиканство. Имаме предлог, го дадовме предлогот – предлогот да биде на гласање. Тоа е овозможено со Деловникот и немаше никаква, ниту политика, ниту политиканство. Ако мислите дека истите тие 107 милиони денари, собрани од граѓаните на Македонија преку сметката во Црвен Крст, ќе ги претставите дека владата ги има исплатено, не е така, јас ја прашав министерката, таа кажа дека досега се исплатени 11 милиони од буџетот, наместо одобрените 30 милиони, рече Спасовски.
Во однос на Комисијата за труд и социјална политика Спасовски рече дека власта досега користеше деловничка можност за да не се одржи Комисија и директно ги ставаше законите на дневен ред и ги повика таа пракса власта да ја примени и за Законот за настраданите во Кочани за да се донесе што поскоро.
-Има една деловничка можност, којашто ја користи често претседателот,да не се одржи Комисијата, туку да го ставите директно на дневен ред. Да не ја лажете македонската јавност сега. Или, втората можност, којашто исто така ја правите, претседателот на Комисијата да задолжи еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како што ја задолжи колешката Ласкоска минатиот пат, и ќе дојдете на Комисија и ќе речете: „За ова сум задолжен, само законот за Кочани да го гласаме, другото не дозволуваме да се помине. Така што опциите се тие коишто вие си ги направивте пракса. Јас само предлагам по таа пракса да се постапи и за Законот за настраданите во Кочани, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

