Спорт
Гвардиола: Го отпишав тој гад, а потоа даде 200 гола

Пеп Гвардиола беше гостин на YouTube каналот „xBuyer“, кој го водат браќата Хавиер и Ерик Руиз и има 5,7 милиони претплатници.
Домаќините го замолија да им даде совет на младите ѕвезди за да не се занесат премногу, а Пеп одговори вака: „Немам многу да им кажам на младите генерации денес. Ние страдавме многу повеќе. Навистина ми беше тешко. Доаѓате на Камп Ноу на прес-конференција, а има 50 новинари кои ве критикуваат…
Но, имавме ветерани кои нè штитеа. Покрај тоа, тие знаеја како да ние „удрат по прстите“. Тоа е најдобриот начин да се учи. Но, морам да додадам дека ни беше полесно во смисла дека немавме социјални мрежи како што имаат денешните млади фудбалери“.
Пеп се осврна на сегашната генерација млади ѕвезди на Барселона: „Тие играат фудбал како да се на училишно игралиште. Ги гледам тие 17-годишници и 19-годишници како играат против Реал на „Бернабеу“ и во полуфиналето на Лигата на шампионите како да се на училишно игралиште“.
Конечно, Гвардиола беше замолен да открие анегдота од неговата богата кариера што секогаш му тера да се насмее.
„Многу го сакам Серхио Агуеро. Тој е еден од најскромните великани што ги познавам. Тој го постигна најважниот гол во историјата на Сити. Благодарение на тој гол, со кој ја освои првата англиска титула во историјата на клубот, Сити почна да верува.
Се сеќавам на денот кога му кажав на Агуеро дека нема да му го обновиме договорот. Ми беше многу тешко да му кажам дека е отпишан. А потоа подоцна на тренингот тој ден, тој гад постигнува 200 гола! Имаше лице кое ми говореше: „Сега ќе му покажам на овој Ци*ан… 200 гола!“ Му реков: „Серхио, ќе ти го продолжиме договорот, згрешив!“ А потоа во последниот натпревар постигна два гола. Беше привилегија да го тренирам Агуеро. Тој беше уникатен талент.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Исак се договорил со Ливерпул

Фудбалерот на Њукасл и шведски репрезентативец, Александар Исак, постигнал усмен договор со Ливерпул и едвај чека да им се придружи на англиските шампиони.
Ова го тврди добро информираниот новинар и специјалист за трансфери на „Скај спорт Германија“, Флоријан Плетенберг. Германскиот новинар објави дека голгетерот Њукасл ги договорил условите со Ливерпул, но сè уште се чека договор меѓу клубовите.
Њукасл првично соопшти дека Исак не е на продажба, но потоа фудбалерот побара трансфер. Во меѓувреме, Ливерпул го потпиша Уго Екитике од Ајнтрахт, но не се откажа ниту од шведскиот голгетер.
Специјализираниот портал „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра. Сепак, Њукасл ги диктира условите бидејќи Исак е обврзан со договорот до 30 јуни 2028 година.
Наводно, Њукасл сега бара дури 170 милиони евра, додека Ливерпул понудил 50 милиони помалку. Се претпоставува дека клубовите ќе се сретнат некаде на средина.
Интересно е што во исто време клубовите од Саудиска Арабија ја прифатија сумата што ја побара клубот од „Сент Џејмс Парк“, но Исак ги одби и рече дека сака да оди само во Ливерпул.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Шкендија победи во Букурешт, обезбеди есен во Европа

Foto/ primasport.ro
Фудбалерите на Шкендија изборија пласман во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион ги доби двата натпревари со фаворизираниот ФЦСБ. По победата на домашен терен во првиот меч (1:0), вечерва Шкендија победи во Букурешт со 2:1.
Шкендија со пресврт победи во престолнината на Романија. ФЦСб дојде до предност во 30.минута со голот на Кисоти. Само три минути подоцна изедначи Љатифи.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6uphzo”,”div”:”rumble_v6uphzo”});
Победата Шкендија ја обезбеди во 87.минута со голот на Крстевски.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6upm2i”,”div”:”rumble_v6upm2i”});
Противник на Шкендија во третото коло ќе и биде Карабаг од Азербејџан. Инаку со пласманот во третата рунда Шкендија обезбеди настап во фазата по групи во едно од европските натпреварувања.
Доколку биде елиминирана од Лигата на шампионите, Шкендија ќе игра плеј-оф за пласман во групите во Лига Европа, ако го загуби плеј-офот ќе игра во фазта по групи во Конференциската лига.
Досега групна фаза во натпреварувањата, во организација на УЕФА, од македонските клубови изборил само Вардар.
Спорт
Четирикратниот олимписки шампион го сруши светскиот рекорд во Сингапур

Францускиот пливач Леон Маршан го сруши светскиот рекорд на 200 метри мешано на Светското првенство во Сингапур.
Четирикратниот олимписки шампион постигна резултат од 1:52,69 минути во полуфиналната трка.
Маршан го сруши светскиот рекорд поставен од Американецот Раџан Локти во Шангај во 2011 година за 1,31 секунда.
Финалето на 200 метри мешано на Светското првенство е закажано за четврток.
Фото: принтскрин