Црна хроника
Уапсен пијан возач во Дебарско, возел со 2,69 промила алкохол во крвта
Полицијата уапси пијан возач од дебарско кој возел со 2,69 промили алкохол во крвта.
Според информациите на МВР, вчера во 12.40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Е.(54) од с.Џепиште, дебарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,69 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.
Црна хроника
Полиција приведе жена, пијана туркала предмети на бензинска
Полиција приведе жена која туркала предмети на бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава.
Топ
Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.

