Спорт
Стартува клупскиот Мундијал – Комплетен распоред на првата фаза
Со натпреварот помеѓу египетскиот Ал Ахли и американскиот Интер Мајами во 2 часот по полноќ од сабота кон недела на стадионот во Мајами, ќе започне првото Светско клупско првенство во формат со 32 учесници.
Клупскиот МУндијал ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во 11 градови во САД во осум групи со по четири клуба, од кои најдобрите два одат во нокаут фазата. За да ги привлече европските клубови да дојдат на натпреварувањето со најсилните тимови по долгата и исцрпувачка сезона, ФИФА обезбеди невиден награден фонд од една милијарда долари.
Само за учество, клубовите добиваат 3,58 (Океанија), 9,55 (Африка, Азија, Северна Америка), 15,21 (Јужна Америка) и од 12,81 до 38,19 (Европа) милиони долари. Нерешено во групата носи еден милион долари, победа два милиони. Осминафинале 7,5 милиони долари, четвртфинале 13,1 милиони, полуфинале 21 милион долари, финале 30 милиони долари и победата 40 милиони долари.
Распоред на натпревари:
Група А
1. коло, 15 и 16 јуни
Ал Ахли – Интер Мајами (15 јуни, 2 часот)
Палмеирас – Порто (16 јуни, полноќ)
2. коло, 19 јуни
Палмеирас – Ал Ахли (18:00 часот)
Интер Мајами – Порто (21:00 часот)
3. коло, 24 јуни
Интер Мајами – Палмеирас (3 часот)
Порто – Ал Ахли (3 часот)
Група Б
1. коло, 15 и 16 јуни
ПСЖ – Атлетико Мадрид (15 јуни, 21:00 часот)
Ботафого – Сиетл (16 јуни, 16:00 часот)
2. коло, 20 јуни
Сиетл – Атлетико Мадрид (полноќ)
ПСЖ – Ботафого (3 часа)
3. коло, 23 јуни
Атлетико Мадрид – Ботафого ( 21часот)
Сиетл – ПСЖ (21:00 часот)
Група Ц
1. коло, 15 и 17 јуни
Баерн – Окленд Сити (15 јуни, 18:00 часот)
Бока Јуниорс – Бенфика (17 јуни, полноќ)
2. коло, 20 и 21 јуни
Бенфика – Окленд Сити (20 јуни, 18:00 часот)
Баерн – Бока Јуниорс (21 јуни, 15:00 часот)
3. коло, 24 јуни
Бенфика – Баерн (21:00 часот)
Окленд Сити – Бока Јуниорс (21:00 часот)
Група Д
1. коло, 16 и 17 јуни
Челзи – Лос Анџелес (16 јуни, 21 часот)
Фламенго – Есперанс (17 јуни, 3 часот)
2. коло, 20 и 21 јуни
Фламенго – Челзи (20 јуни, 20 часот)
Лос Анџелес – Есперанс (21 јуни, полноќ)
3. коло, 25 јуни
Есперанс : Челзи (3 часот)
Лос Анџелес: Фламенго (3 часот)
Група Е
1. коло, 17 и 18 јуни
Ривер Плата – Урава Редс (17 јуни, 21 часот)
Монтере -: Интер (18 јуни, 15 часот)
2. коло, 21 и 22 јуни
Интер – Урава Редс (21 јуни, 21 часот)
Ривер Плата – Монтереј (22 јуни, 3 часот)
3. коло, 26 јуни
Интер – Ривер Плата (3 часот)
Урава Редс – Монтереј (3 часот)
Група Ф
1. коло, 17 и 18 јуни
Флуминензе – Борусија Дортмунд (17 јуни, 18 часот)
Улсан: Сандаунс (18 јуни, полноќ)
2. коло, 21 и 22 јуни
Сандаунс – Борусија Дортмунд (21 јуни, 18 часот)
Флуминензе: Улсан (22 јуни, полноќ)
3. коло, 25 јуни
Борусија Дортмунд – Улсан (21 часот)
Сандаунс – Флуминензе (21 часот)
Група Г
1. коло, 18 и 19 јуни
Манчестер Сити – Видад Казабланка (18 јуни, 18 часот)
Ал Аин – Јувентус (19 јуни, 3 часот)
2. коло, 22 и 23 јуни
Јувентус – Видад Казабланка (22 јуни, 18 часот)
Манчестер Сити – Ал Аин (23 јуни, 15 часот)
3. коло, 26 јуни
Јувентус – Манчестер Сити (21 часот)
Видад Казабланка – Ал Аин (21 часот)
Група Х
1. коло, 18 и 19 јуни
Реал Мадрид – Ал Хилал (18 јуни, 21 часот)
Пачука – Салцбург (19 јуни, полноќ)
2. коло, 22 и 23 јуни
Реал Мадрид – Пачука (јуни 22, 21 часот)
Салцбург – Ал Хилал (23 јуни, полноќ)
3-то коло, 27 јуни
Салцбург – Реал Мадрид (3 часот)
Ал Хилал – Пачука (3 часот)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

