Европа
Руските медиуми за војната меѓу Иран и Израел: Ова е нашата стратешка можност

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира во насловите на руските весници, а многу коментатори во Москва ја гледаат ескалацијата на Блискиот Исток низ призмата на сопствените геополитички интереси, пишува дописникот на Би-би-си за Русија, Стив Розенберг.
„Колку и да звучи цинично, овој конфликт носи одредени придобивки за Русија и на тактичко ниво“, објави таблоидот „Московски комсомолец“ наведувајќи ги растечките цени на нафтата и намаленото внимание на Западот кон војната во Украина. „Киев е заборавен“, се вели во него.
Бизнис-дневниот весник „Комерсант“ оди чекор понатаму: „Секоја ескалација на Блискиот Исток ги одвлекува противниците на Москва од Украина и ги менува приоритетите на западната воена помош“.
Во овој контекст, руските аналитичари сугерираат дека Москва би можела да се обиде да игра улога на непристрасен посредник – не мора да ја реши кризата, туку барем да помогне во нејзиното деескалирање. Ова, според „Комерсант“, би го зајакнало политичкото влијание на Русија во регионот.
Сепак, истиот весник предупредува дека Москва не успеала да спречи израелски напад врз Иран, земја со која потпиша сеопфатен стратешки договор пред само пет месеци. Ова фрла сенка врз нејзината вистинска моќ во регионот и го поставува прашањето колку влијание навистина може да има врз настаните надвор од постсоветскиот простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) 11 повредени во руски напад врз Украина: „Тие сè уште намерно ги таргетираат цивилите“

Руските сили погодија станбена област во Харков со балистичка ракета, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија украинските власти доцна синоќа.
Едно 13-годишно девојче е меѓу повредените во Харков, вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов преку апликацијата за пораки Телеграм.
Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, е редовна цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што Москва ја започна во февруари 2022 година.
🇷🇺🇺🇦
🔻Ataque ruso contra Kharkiv🔻Russian attack against Kharkiv pic.twitter.com/kkcQw67PQY
— Ares, Information Service (@Aresinfoservice) August 18, 2025
„Ударниот бран ги скрши прозорците во блиските станбени згради“, објави државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, додавајќи дека некои жители морале да бидат евакуирани.
Одделно, регионалните власти соопштија дека 57-годишна жена е повредена во руски воздушен напад врз североисточниот регион Суми, во кој исто така се оштетени најмалку десетина станбени згради и една образовна институција.
„Непријателот продолжува намерно да ја таргетира цивилната инфраструктура во регионот Суми, подмолно, ноќе“, рече гувернерот Олех Хрихоров на Телеграм. Ројтерс не беше во можност независно да потврди какво оружје користела Русија во нападите. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во нивните напади, но илјадници луѓе се убиени, од кои огромното мнозинство се Украинци, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.