Македонија
(Видео) „Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и ‘шарените’ знаат само да злоупотребуваат трагедии“, вели Манасиевски

„Истрагата за Кочани од страна на МВР е спроведена во целост и без поштедување кого било, како што тоа во минатото беше случај. Сите документи се предадени во ЈО и никој не е поштеден. ЈО е сега тоа што треба низ понатамошниот тек на постапката да одлучува кого ќе опфати со предметот, а кого не“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според СДС, што требаше да се направи? Да се штедат лицата што се осомничени и да се постапува како што постапуваа Филипче, Оливер Спасовски и Зоран Заев? Не, правдата мора да биде неселективна. СДС не само што не знае за правда воопшто, туку оди и понатаму злоупотребува смрт на невини лица.
Според наши информации, СДС имал состанок, на кој присуствувале повеќмина од раководството и токму на тој состанок договориле Кочани да биде дел од кампањата во следниот период.
Ова е одлучено и покрај обидите на неколкумина да укажат дека ова не е совесно ниту, пак, чесно и морално да се тера кампања со оваа трагедија, во која има починати 62 лица.
Ова е доказ дека СДС не знае за основни вредности. И покрај сите укажувања, раководството одлучило Кочани да е главна тема во следниот период и во пресрет на локалните избори.
Замислете, одат и понатаму, мислат дека оваа агенда ќе им донесе поени и ќе ги врати Заев и Филипче и сличните на нив.
Сето ова го прават истите луѓе што заборавија на модуларната болница, на „Дурмо турс“ и на „Беса транс“. Истите луѓе што играа со чувствата на народот во времињата на Шарената револуција кога зборуваа за Смилковското Езеро, за Младенов, за Нешковски, случаи за кои подоцна од позиција на власт срамно, но без око да им трепне, констатираа дека правдата е таа и виновниците се тие.
Ова се истите тие луѓе. Очигледно, не само што не се засрамуваат, туку се обидуваат со исти механизми да создаваат негативни чувства кај народот. Филипче и сличните на него на претстојните избори многу добро ќе видат што мисли народот за нив“, соопшти Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) „Стандардот на граѓаните постојано се намалува, а власта одбива да ги покачи платите“, вели Кузеска

„Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Во исто време платите стагнираат, власта упорно одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра, одбива да ги прифати предлозите за покачување на платите во останатите сектори.
Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат месечните трошоци. За да се покрие синдикалната кошница потребни се 2,7 минимални плати.
Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.
Европската статистика покажува дека дури 55% од македонските граѓани не можат да си дозволат одмор. Тоа е уште еден доказ за поразителниот стандард во кој живеат граѓаните на државата.
Стотици илјади граѓани бројаат денови до следната плата, не знаат дали ќе им стигнат пари за сметки и за храна, родители од месец во месец пресметуваат што да скратат за да преживеат.
Младите наместо да планираат иднина дома, се повеќе сакаат да се иселат од државата.
Куповната моќ на граѓаните за една година е намалена за над 20%, на последно место во Европа сме по куповна моќ, a Македонија е на листата на најсиромашни земји.
Ова се резултатите од промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година.
Народот врзвува крај со крај а власта се луксузира со манго, папаја, луксузни патувања со приватни авиони.
Граѓаните заслужуваат подобро од криминална влада која ги остава сами да се борат со сиромаштијата и со енормните сметки.
Потребни се итни мерки за раст на платите, намалување на трошоците за живот и вистинска грижа за стандардот на граѓаните“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Македонија
Несреќа на патниот правец Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот во целосен прекин

Денеска, околу 11:25 часот, на патниот правец Македонска Каменица – Делчево се случи сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Поради незгодата, сообраќајот е во целосен прекин.
Македонија
Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива фотоволтаични панели, инвестираме во зелена енергија

Општина Центар и годинава вложува во модернизација на училишната инфраструктура, за децата новата учебна година да ја започнат во современи и безбедни услови. Градоначалникот Горан Герасимовски, го посети Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде што треба да започнат тековните подготовки за поставување на фотоволтаични панели. Со нивното инсталирање, училиштето ќе направи значителен чекор кон користење на обновливи извори на енергија и придонес кон заштита на животната средина, известува Општината.
„Наш приоритет се учениците и наставниците, затоа инвестираме во нивниот секојдневен престој во училиште. Реконструкциите што ги правиме изминатиов период во центарските училишта се насочени кон создавање услови достојни за современо образование. Во моментов реконструираме три училишта паралелно и сите деца ќе ја започнат новата учебна година во модерни и функционални училишни објекти. Среќен сум што во наредниот период, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе почне со поставување на фотоволтаични панели, со што ќе направиме значителен чекор кон користење на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина“ истакна градоначалникот Герасимовски.
Со овие вложувања, Општината продолжува да ја унапредува образовната инфраструктура и да создава училишта кои обезбедуваат квалитетна, здрава и безбедна средина за воспитно-образовниот процес.