Спорт
Рашфорд: Би сакал да играм со Јамал
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави дека би сакал да игра со еден од најталентираните играчи во светот, асот на Барселона, Ламин Јамал.
Рашфорд ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, а моментално тренира во Шпанија за да ја одржи својата форма пред почетокот на тимските подготовки.
Постојат многу шпекулации за тоа каде всушност ќе настапува следната сезона, бидејќи го напушти „Олд Трафорд“ на краток рок токму поради несогласување со тренерот Рубен Аморим.
На прашањето дали би сакал да игра со Јамал, Рашфорд рече дека е задоволство да игра со најимпресивните фудбалери.
„Да, секако. Секој сака да игра со најдобрите. Се надевам… ќе видиме.“
Јамал, имаше огромно влијание во освојувањето на двојната круна од страна на Барселона во Шпанија и пласманот до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој исто така се истакна во дресот на Шпанија на Европското првенство во 2024 година, каде што „црвената фурија“ ја освои титулата.
Во април се појави информација дека Рашфорд верува дека нема да игра за Манчестер јунајтед додека Рубен Аморим е тренер на тимот. Португалецот го отстрани од тимот уште во декември, по што Рашфорд го помина остатокот од сезоната на позајмица во Астон Вила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пињето Братен прв бразилски победник во Светскиот куп
Спектакл донесе првиот слалом во новата сезона, одржан во Леви, Финска.
Победа во Леви му припадна на Лукас Пињеиро Братен. Победи со вкупно време 1:50,72, со што му го донесе на Бразил првиот триумф во скијање во историјата.
Еден од најдобрите слалом скијачи на денешницата, Клемент Ноел, стигна до второто место со време од 1,51:03.
Сепак, вистинкс асензација приреди домашниот репрезентативец, Едуард Халберг. Беше 29-ти на стартот, на крајот ја заврши трката на третото место и стигна до првиот подиум во кариерата.
За Финците, ова е прв подиум во слаломска трка по повеќе од една деценија и легендарниот Кале Паландер.
Халберг заврши 57 стотинки зад победникот по две возења.
Британецот Лори Тејлор исто така имаше своја приказна, со стартен број 32, тој денес стигна до четвртото место и со тоа ја комплетираше лудата претстава во Леви.
Foto/ EPA
Спорт
Тотенхем подготвен да ја плати клаузулата во договорот на Кубо
Тотенхем повторно покажа интерес за крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, објавува шпански „Ас“.
Кубо, чија откупна клаузула е 60.000.000 евра, повторно е на листата на желби на Тотенхем, но барем засега нема информации дека клубот испратил конкретна понуда.
Арсенал и Атлетико Мадрид покажаа интерес за јапонскиот репрезентативец, но мадридскиот клуб не е подготвен да ја активира клаузулата, што би можело да му користи на Тотенхем.
Покрај Кубо, Спарс го следат и Магнес Аклиуш од Монако, бидејќи тренерот Томас Франк инсистира да доведе замена за Хунг Мин Сон.
Клубот наводно сака и играч кој би можел да донесе комерцијален ефект на азискиот пазар, а Кубо се вклопува во таквите планови.
Јапонецот помина четири години во помладите категории на Барселона, за време на неговата сениорска кариера беше и член на Реал Мадрид, но не доби вистинска можност во ниту еден од двата најголеми шпански клуба.
Спорт
Априлија доминираше во Валенсија – Бецеки победи пред Ферандез
Марко Бецеки, возачот на Априлија, победи на трката за Големата награда на Валенсија, последна ваа сезона во Мото Гп шампионатот. Второто место му припадна на Раул Фернандез (Трекхаус Априлија), а трет заврши возачот на ВР46, Фабио ди Џанантонио. Априлија прв пат по 2023 година ги освои првите две позиции во трка, во Мото Гп шампионатот.
Марко Бецеки, возачот на Априлија кој ја освои пол-позицијата претходниот ден, победи по шести пат во својата кариера, односно по трет пат оваа сезона. Ова е втор последовен викенд што го заврши со победа, откако ја освои Големата награда на Португалија.
Бецеки го задржа водството од почетокот до крајот, но беше во жестока битка со Шпанецот Раул Фернандез, кој заврши втор, а Фабио ди Џанантонио го престигна Педро Акоста, кој долго време се држеше на третото место, во претпоследниот круг за својот шести подиум во кариерата.
По Акоста следеа Алекс Маркез, Фермин Алдегер, Лука Марини, Бред Биндер, Џек Милер и Енеа Бастијанини, кога станува збор за оние кои освоија поени на последната трка.
Од претходнобеше познато дека шампион е Марк Маркез, тој ја освои својата деветта титула.
Foto/ EPA

