Спорт
Шаховските надежи на ШК Алкалоид со нова жетва на медали на младинското првенство
Државното првенство за млади во класичен шах се одржа од 16 до 21 јуни во Струмица, при што, во согласност со пропозициите на Светската шаховска федерација ФИДЕ, се организираа натпревари во шест старосни категории.
Како и секоја година, талентите кои ја имаат поддршката од клубот и кои работат со најдобрите и најуспешни македонски шахисти и тренери, очекувано, повторно се враќаат со медали и признанија за своите настапи.



Меѓу девојките со златни медали се вратија Моника Жежовска (У18) и Илијана Велева (У12), додека, пак, Исидора Лукановска (У14) освои сребрен медал.
Во машка конкуренција беше понеизвесно, па така Давид Атанасовски беше едно од најпријатните изненадувања бидејќи по само една година тренирање успеа да стигне до златниот медал во категоријата до 10 години, но подеднакво блескави беа и постигнувањата на Марко Стојановиќ (У12) и Никола Радоњанин (У16), кои ги освоија трофеите во својата конкуренција. Новиот член на клубот, Никола Павлески, дебитираше за ШК Алкалоид со освојување на второто место во конкуренцијата до 18 години. Сребро освои и Лука Симоновски (У12), додека, пак, Васил Иванов (У10) и Андреј Божиновски (У14) се закитија со бронзени медали.




– Ние како тренери сме задоволни од она што го прикажаа нашите младинци. Не би одел во детали, туку би рекол само „Браво шампиони“! Сите се трудеа да го дадат својот максимум и во фајтерски стил се носеа со конкуренцијата, онака како што доликува кога се бранат боите на ШК Алкалоид. Радува фактот што имаме титули и кај момчињата и кај девојчињата затоа што тоа е показател дека се стремиме кон успеси во двете конкуренции. Некои се потврдија како фаворити, а некои кои не беа меѓу првите тројца носители пријатно изненадија. Ние како тренери сме презадоволни од она што го видовме и ќе продолжиме да ги трасираме патиштата на идните македонски шаховски шампиони преку континуирана работа во клубот – изјави ИМ Дејан Стојановски.
Според календарот на Европската шаховска унија, младинските европски првенства за 2025 година во стандарден шах ќе се играат во октомври во Будва, Црна Гора, додека, пак, континенталниот собир на млади играчи во забрзан и во брзопотезен шах е закажан за 4 август во Солун, Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

