Економија
Одмор од соништата со туристички кредит без камати и трошоци
Дали ви треба туристички кредит за патување до Грција, Италија, Малта или можеби пак егзотична дестинација како Малдиви? Со Mint Credit, повеќе нема потреба да го одложувате одморот од соништата поради недостиг на средства.
Ние Ви овозможуваме да патувате веднаш, а да платите подоцна, до дванаесет месечни рати без камата и трошоци преку Mint App.
Туристичкиот кредит е идеалното решение за незаборавно патување кога финансиите не ви одат во прилог или сакате одложено плаќање за Вашето патување.

Што е туристички кредит?
Туристичкиот кредит е безкаматен потрошувачки кредит наменет за покривање на трошоци поврзани со патувања. Ова вклучува патнички трошоци како што се:
· Туристички аранжмани (ЈК Travel и Mint Travel)
· Хотелски сместувања
· Авионски билети · Патничко осигурување (Mint Ins)
Со други зборови сè што Ви треба за незаборавно искуство – без веднаш да ги почувствувате трошоците, без камати и други трошоци.
Зошто туристички кредит преку Mint Credit?
Понекогаш животот нè става во ситуација кога имаме желба, можност за патување – но не и веднаш достапни финансии. Токму затоа е наменет туристичкиот кредит од Mint Credit: безкаматен, брз и без непотребни компликации.
Повеќе не мора да правите компромис со одморот или да одложувате за “неопределено”. Сега можете:
· Да резервирате туристички аранжман веднаш
· Да платите на рати, до 10 месеци или до 12 рати преку MintApp.
· Да аплицирате онлајн, без губење време преку нашата one-stop-shop Mint апликација.
· Да бидете дел од Mint Bonus, нашата програма за лојалност.
Собирајте Mint Coins и искористете ги во Mint Store за летна опрема или ваучери за Вашиот одмор.
Како функционира?
Mint Credit го направи процесот за добивање туристички кредит исклучително едноставен. Еве како изгледа:
1. Контактирајте нè или посетете нè лично: на нашата веб-страница, преку Mint App директно од Вашиот телефон, или во некоја од нашите филијали низ државата.
2. Поднесете документи, важечка лична карта и Вашиот туристички аранжман
3. Брзо одобрување.
4. Средствата се исплаќаат директно на туристичката агенција.
5. Вие заминувате на патување, а кредитот го враќате по претходно договорени месечни рати, без дополнителни камати и трошоци.
Сè што треба да направите е да знаете каде сакате да патувате, а за финансиите се грижиме ние.
Карактеристики на туристички кредит од Mint Credit
Брза апликација и одобрување
Нема долги процедури, непотребни формулари или банкарска бирократија. Процесот за аплицирање и одобрување е брз и едноставен и целосно онлајн. Mint Credit значително го олеснува аплицирањето за кредит.
Само неклоку клика Ве делат од одморот од соништата. Ваше е само да го одберете одморот од соништата во еден од нашите туристички партнери – Mint Travel или JK Travel.

Флексибилна отплата
Изберете период на отплата што Ви одговара – од 2 до 12 месеци. Месечните рати се однапред пресметани. Со безкаматниот туристички кредит враќате онолку колку што ќе земете без дополнителни трошоци.
Приспособено на Вашите потреби
Туристичкиот кредит од Mint Credit се прилагодува на секој тип на патување – од еднодневни екскурзии до интерконтинентални авантури. На Вас е само да си ги спакувате своите куфери за патување и да се спремите за возбудлива авантура.
Директна соработка со туристички агенции
Нашиот туристички кредит се однесува за аранжмани и патувања кои се во рамките на организација на JK Travel и Mint Travel. Аплицирањето за кредит како и одбирање аранжман за летување е достапно онлајн на веб страните.
Дополнително, доколку арнжманот Ви е преку Mint Travel, можете целиот процес да го завршите преку Mint App, вклучувајќи:
· Аплицирање за кредит (Mint Credit))
· Одбирање аранжман (Mint Travel))
· Патничко осигурување (Mint Ins)
Кога е идеално време за туристички кредит?
· За летни одмори и годишни одмори
· Во пресрет на празници, продолжени викенди и изненадувачки патувања
· За свадбени и романтични патувања
· За семејни летувања
· Кога не сакате да го намалите месечниот буџет, но сепак сакате да уживате
Како да го искористите туристичкиот кредит максимално
За да го извлечете максимумот од туристичкиот кредит, ви ги препорачуваме овие совети:
· Резервирајте рано – раните резервации често значат подобри цени
· Изберете пакет-аранжман – вклучени услуги значи помалку изненадувања
· Патувајте вон сезона – уживајте со помалку туристи и пониски трошоци
· Комбинирајте го со осигурување – бидете безгрижни за време на патувањето
· Следете го планот за отплата – изберете план за отплата што реално Ви одговара
Време е да ги спакувате куферите за патување!
Туристичкиот кредит од Mint Credit е совршен избор за секој кој сака да ужива во патувања без да го оптоварува својот буџет однапред. Ние Ви нудиме брзо, флексибилно и безбедно решение, така што Вие може да патувате кога сакате, а да платите кога можете.
Со туристички кредит од Mint Credit, не Ви треба магична формула за да патувате, Ви треба само желба! Ние се грижиме за финансиите, Вие грижете се за спомените.
За повеќе информации контактирајте не на телефон 15 107, или посетете не во најблиската филијла до Вас.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Нацевска: Кога плаќањата се извршуваат без напор, економијата расте со доверба
„Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и услуга. Преку пониските трошоци, брзината и едноставниот сет информации потребен за извршување на плаќањето, граѓаните и компаниите од нашата земја веќе ги чувствуваат придобивките кога испраќаат пари или кога плаќаат снабдувачи во странство или, пак, кога примаат дознаки од странство“, порача вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во завршното обраќање на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, одржана под наслов „Преповрзување на плаќањата во дигиталната ера“.
Вицегувернерката истакна дека следниот приоритет е развивањето и воведувањето инстант плаќања, како нова навика, а не само можност. „Целта е практична – да можете да платите и да ви биде платено за неколку секунди, во секое време (24/7/365), преку безбеден систем и со сигурно порамнување преку централната банка“, рече Нацевска, додавајќи дека меѓусебното поврзување на платните системи на земјите од Западен Балкан, како и со европскиот ТИПС ќе придонесе за побрза економска интеграција на регионот во Европската Унија.
Покрај СЕПА и инстант плаќањата, во фокусот на Конференцијата беа и отпорноста и довербата во платните системи, како предуслов за стабилност, којашто е неопходна за непречено функционирање на економијата. Нацевска истакна дека размената на искуства, тестирањето и координираното реагирање при инциденти се клучот за одржувањето на довербата на јавноста.
Посебно внимание ѝ беше посветено на улогата на финтек-компаниите и на небанкарските даватели на платежни услуги, коишто веќе се рамноправен дел од системот. „Тие носат брзина, практичност и конкуренција, но со тоа и одговорност за заштита на корисниците и податоците“, нагласи таа.
Во однос на иновативните решенија и регулативата, вицегувернерката порача дека тие не треба да се гледаат како спротивности, туку дека регулаторите треба да создадат простор за нови идеи, но и да обезбедат сигурност на плаќањата и заштита на клиентите, бидејќи рамнотежата меѓу иновацијата и стабилноста е исклучително важна, рече Нацевска, нагласувајќи ја важноста на пропорционалноста во регулирањето, заради обезбедување еднакви правила и правични услови за сите учесници на пазарот.
Во своето завршно обраќање, Нацевска потсети дека ако на претходната конференција се зборуваше за планови, оваа година веќе се истакнуваат конкретни резултати и реални решенија.
„Се движиме во вистинската насока – од дизајн кон услуга, од концепти кон видливи придобивки“, заклучи вицегувернерката, изразувајќи им благодарност на сите учесници, партнери и организатори на Конференцијата за нивните идеи, соработка и посветеност во градењето подобар и посигурен платен екосистем.
Економија
Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски.
Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и 7.436 тримесечни и 1.270 месечни даночни обврзници кои не го извршиле плаќањето на пријавениот даночен долг. Редовноста во исполнувањето на обврските е знак на одговорност и доверба, вредности што заеднички го градат системот во кој сите учествуваме и веруваме.
Управата за јавни приходи веќе достави персонализирани известувања до сите обврзници со пријавен, а ненаплатен долг за соодветниот даночен период.
Во тек е спроведување на активности и мерки во координација со сметководителите и обврзниците, со цел да се избегнат блокади на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Важно е да се внимава на роковите, бидејќи за секој ден на задоцнување се пресметува камата во износ од 0,03% од преостанатиот долг, како и изрекување на дополнителни глоби. Оттука, потсетуваме на обврската за точно, целосно и навремено плаќање на поднесените ДДВ-04 пријави. По доставата на опомените, Управата ќе пристапи кон присилна наплата кај сите обврзници кои нема да го подмират долгот доброволно. УЈП апелира до сите засегнати обврзници да постапат одговорно и навремено, со цел да се обезбеди стабилна даночна историја и да се избегнат непотребни последици. За дополнителна помош и поддршка, даночните обврзници и сметководителите можат да се обратат преку е-пошта на [email protected] или телефонски на 0800 33 000 (од фиксен) и 02 3253 200 (од мобилен). Вашата дисциплина денес е вашата предност утре.
Економија
„Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста, квалитетот и интернационалниот потенцијал
Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до 30-ти октомври се одржува во Франкфурт, Германија, под мотото „Ја обликуваме иднината на фармацијата“. CPHI саемот е собир на глобалните лидери во фармацијата и во неговите рамки се презентираат иновациите во индустријата.
„Реплек“ го презентира своето производно портфолио – фармацевтски производи и козметика, а значително внимание предизвикуваат производите на компанијата на база на канабис, за кои интересот континуирано расте. Во рамките на саемот, менаџментот на компанијата остварува бројни средби за проширување на соработката и освојување на нови пазари и понатамошно унапредување на позициите кои се градени 80 години, јубилеј кој годинава го одбележува компанијата.
„‚Реплек’ континуирано вложува во дигитализација, иновации, лансирање на нови производи, како и во проширување на пласманите. Наша стратешка цел е продлабочување на постојните партнерства и склучување нови, со цел ширење на компанијата и на пазарите каде што досега не сме биле присутни. Со воведувањето напредни технологии и иновативни решенија во портфолиото, нашите производи и брендови сѐ повеќе го освојуваат меѓународниот фармацевтски пазар, на кој ја потврдуваме нашата позиција како конкурентен производител, но и како сигурен и доверлив партнер. Нѐ радува фактот што реномирани компании од Европската унија, Јужна Америка и Азија го потврдуваат интересот и веќе имаме најава за проширување на соработката. Дополнително, саемот е одлична можност за привлекување потенцијални партнери не само за извоз во регионот и пошироко, туку и за истражување на интересот за Реплек како регионален дистрибутер и партнер за продажба и маркетинг на Балканот“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.
Во рамките на саемот, заедно со меѓународните партнери, „Реплек“ ќе го одбележи и својот 80-годишен јубилеј. CPHI покажува дека долгогодишната фармацевтска традиција е нешто што високо се вреднува на меѓународниот пазар, ја зголемува довербата во компанијата и нејзината конкурентност. Континуираното сертифицирање со EU GMP сертификатот за добри производни практики е уште еден аспект кој значајно влијае на конкурентноста на компанијата на меѓународниот пазар.
CPHI е највлијателниот светски фармацевтски настан, кој годинава се одржува по 36 пат, а свое учество на саемот имаат најзначајните фармацевтски компании. Оваа година саемот на едно место собра повеќе од 62.000 професионалци и експерти од над 166 земји, а нивните предавања за најновите достигнувања во областа на фармацијата предизвикуваат огромен интерес. Присутни се и 2.400 изложувачи од целиот свет. Саемот секоја година се одржува на различна локација. На овој престижен настан компаниите од фармацевтскиот сектор од целиот свет имаат можност за промоција на своите портфолија, како и презентација на нивните иновативни производи и брендови.
Компанијата „Реплек“ околу 75 отсто од своите производи ги пласира на странските пазари, во повеќе од 25 држави во Европската Унија, Централна и Југоисточна Азија, како и во регионот Адрија. Најголема потврда за високиот квалитет и конкурентноста на производите на компанијата која има 80-годишна традиција, е фактот што голем дел од нив на некои од пазарите се во рангот на најпродаваните.
„Реплек“ континуирано инвестира во модернизација и унапредување на своето производно портфолио, со цел зајакнување на своите пазарни позиции. Во таа насока е и значајното двојно меѓународно признание кое компанијата го доби минатиот месец, односно двата EAEU GMP сертификати, кои се резултат на инспекции кои потврдуваат дека производствените процеси и системот за квалитет на „Реплек“ се целосно усогласени со принципите за добра производна пракса регулирани за Евроазиската економска унија. Овие сертификати се потврда за високите стандарди што се применуваат во секоја фаза од работењето и постојаното подобрување на квалитетот на секој чекор, од развојот и производството, до финалната дистрибуција.
(ПР)

