Македонија
Кривична пријава против фабрика за канабис од Свети Николе
Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе и против Г.Л. од Свети Николе – одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
При контрола во правното лице во февруари 2025 година било утврдено дека во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги бил констатиран вишок на произведен неевидентиран сув цвет од канабис во количина од 56 килограми.
Исто така, во ќеса покрај сеф-собата за чување на готов производ билапронајдена марихуана, додека во една од халите бил пронајден делумно изгорен сув цвет со нето маса од 254 грама, кои не биле пријавени.
Одговорното лице во правното лице било должно да ги евидентира и пријави сите настанати промени и отстапувања во одгледувањето на канабисот до Министерството за здравство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.




Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

