Спорт
Кралски договор за Кристијано Роналдо
Кристијано Роналдо потпиша нов договор со Ал Наср до 2027 година, според кој ќе заработи неверојатни 577,68 милиони евра!
Англискиот „Сан“ открива дека на поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус му биле понудени и низа бенефиции за да стане „амбасадор од соништата“ за богатите Саудијци, што би требало да ги зголеми неговите приходи на повеќе од половина милијарда евра во следните две години.
Покрај годишната плата од 209 милиони евра, Роналдо добива и бонус за потпишување од 28 милиони евра, кој ќе се зголеми на 44 милиони евра ако ја активира втората година од договорот.
На Португалецот ќе му бидат доделени 15 проценти сопственички удел во клубот, во вредност од 39 милиони евра.
Со бонуси од 4,7 милиони евра за освојување на „Златната копачка“ и 9,39 милиони евра ако Ал Наср ја освои титулата,
Роналдо може да заработи повеќе од половина милијарда евра пред истекот на неговиот нов договор.
Роналдо и неговото семејство ќе бидат кралски згрижени и надвор од теренот.
Ќе има 16 луѓе кои работат со полно работно време – тројца возачи, четири домаќинки, двајца готвачи, тројца градинари и четири обезбедувачи.
Сето ова го плати Ал Наср, по цена од околу 1,17 милиони евра.
Исто така, има 4,7 милиони евра за користење на приватен авион, како и ветување за договори за спонзорство со саудиски компании кои би можеле да достигнат 70,45 милиони евра. Иако неодамна наполни 40 години, Роналдо засега не размислува за пензионирање.
Неговата лична цел е да достигне 1.000 професионални голови, моментално има 938.
Постигна 99 гола на 111 натпревари за Ал Наср (35 минатата сезона), а вкупно веќе го држи рекордот за најмногу голови во историјата.
Иако значително ја подигна популарноста на Саудиската професионална лига, Роналдо сè уште не освоил трофеј со Ал Наср, што сигурно ќе биде една од неговите главни цели во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ал-Итихад му нуди на Меси бланко чек
Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер.
Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на договорот.
„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише која било сума, со договор за кој било период што ќе го избере, дури може договорот да биде доживотен“, рече Хејли.
Тој додаде дека доаѓањето на Меси би било од големо значење за клубот: „Доколку Меси го носи дресот на Ал-Итихад тука во Саудиска Арабија, парите немаше да ми значат ништо. Ќе ја славевме лигата пред да започне, бидејќи ќе го имав најдобриот играч во историјата на фудбалот.“
Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го ангажира Меси претходно, по неговото заминување од Париз:
„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра годишно, но тој одби без дури ни да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство ја претпочиташе Америка. Го почитувам тоа и вратите на Ал-Итихад секогаш му се отворени кога и сака да дојде“, рече Ал Хаили и дополни:
„Повеќе нема да се насочуваме кон бројки, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобриот начин“.
И покрај великодушната финансиска понуда, се смета дека преселбата на Меси во Саудиска Арабија е малку веројатна. Аргентинскиот фудбалер се прилагоди на животот во Соединетите Американски Држави, каде што живее со своето семејство, а неодамна тој го продолжи договорот со Интер Мајами.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рома за 19-годишник ќе плати 25 милиони евра
Рома, помалку неочекувано по првиот дел од сезоната е легитимен кандидат во борбата за титулата во Серија А, но нивната примарна цел е да изборат место во Лигата на шампионите.
Во Рим открија дека им е потребно освежување во нападот, па почнаа да бараат засилувања. Главни мети беа Џакомо Распадори и Џошуа Зиркзе, но тие завршија неуспешно. Распадори ќе се пресели во Аталанта, додека нема назнаки дека Манчестер Јунајтед ќе прифати понуда за Зиркзе.
Во меѓувреме, Рома, најде засилување во нападот. Изборот е талентираниот 19-годишен, Рибинио Ваз. Играчот блесна сезонава во Олимпик Марсеј. Рома се согласи да плати 25 милиони евра.
Останува да се дефинираат личните услови и 19-годишниот напаѓач официјално да стане играч на италијанскиот клуб.
Во исто време, челниците на клубот од Рим преговараат и со Дониел Мален од Астон Вила. Холанѓнецот би требало да пристигне во Рома на позајмица, со право на откуп.
Foto/ depositphotos
Спорт
Распадори го чекаа во Рим, тој го одбра Бергамо
По Конор Галагер уште еден играч си замина од Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори по само шест месеци, минати во Мадрид, реши да се врати во Италија.
Со денови се шпекулираше дека Џакомо Распадори ќе стане нов играч на Рома, но наместо во Рим, тој пристигна во Бергамо.
Како што потврдија бројни извори, луѓето од Аталанта доцна синоќа отвориле конкретни преговори и успеале да се договорат со Атлетико. Сумата која ќе ја плати Аталанта не е позната, но се претпоставува дека трансферот изнесува околу 20 милиони евра.
Распадори минатото лето пристигна во Атлетико Мадрид од Наполи за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, бидејќи постигна два гола и имаше три асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Диего Симеоне одлучи да го продаде, а Распадори сакаше да се врати во својата татковина и на крајот ја избра, Аталанта.Италијанските медиуми тврдат дека доаѓањето на Распадори значи дека Адемола Лукман ќе замине од клубот. Интерес за него покажуваат турските великани Галатасарај и Фенербахче.
Распадори сакаше да го засили тимот во кој ќе има минутажа, бидејќи сака да се наметне кај селекторот Џенаро Гатузо пред Светското првенство во 2026 година, секако доколку Италија преку баражот избори пласман.
Foto/ depositphotos

