Македонија
(Видео) Вишинска: Центар заслужува промена, доаѓа времето на достоинствен живот за центарци
Центар стагнира, а центарци ги живеат последиците од неисполнетите ветувања.Градоначалникот Герасимовски многу вети – но малку направи. По 4 години, неговите ветувања се само празни букви на хартија, истакна на прес-конференција Марина Вишинска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Градинката во Маџир Маало, градинка во клинички центар, воспитно-образовен центар со градинка и училиште во парк 1 – се само илузија и постојат само на хартија“.
Според неа, клучните проекти за деца и образование останаа само зборови.
„И додека тој се фали со „грижа за најмладите“, реалноста е – никаква реализација.
Монтажен паркинг со 296 места во Дебар Маало, Катната гаража спроти ПУИК, монтажен паркинг, во Пролет, гаража од 10.000 м2 кај Клиничкиот центар – ги нема во реалноста, ниту се планирани.
Наместо решено паркирање, центарци добија само хаос и изневерени очекувања.
Парк и нова административна зграда на локација ПУИК, Парк со игралиште кај Клинички центар и игралиште кај Куќата на Есма во Кале, се само празни ветувања на Герасимовски. Зеленилото и спортските површини постојат само во предизборни брошури.
А кај „Треска“ што добивме – бетонизација. Центар ја губи душата но кој профитира“, прашува таа.
За неа тоа се четири години само празни ветувања. И денес, како што додаде, истиот човек повторно ветува и повторно бара доверба. С
„Со кое лице? Зарем навистина мисли дека центарци забораваат. Центарци заслужуваат повеќе од лажни ветувања“, истакна Висинска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





