Контакт

Македонија

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Објавено пред

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако министерката за образование Весна Јаневска го најави како дигитално, ниту училиштата ниту, пак, другите институции, од каде што требаат документи за упис во средно, не се приспособија на дигитализацијата. Училиштата не испратија дигитални свидетелства на учениците ниту, пак, се дигитални доказите за освоени први места на државни натпревари, кои се валидни за уписот во средно училиште. Дигиталното пријавување во средно училиште годинава значеше родителите да се снајдат и сите свидетелства и освоени први места на државни натпревари на децата да ги скенираат за да може да ги закачат на дигиталната пријава.

dobivaj vesti na viber

Иако во прикачените свидетелства стојат оценките, родителите мораа сами да ја внесат оценката за секој предмет на детето од шесто до деветто одделение. На крајот, во годинешното дигитално пријавување се бараше од родителите, покрај сите свидетелства и државни награди, физички да ги донесат во училиштата и дигиталните пријави претходно испечатени.

Министерката Јаневска и денес, како и неколкупати претходно, рече дека системот и годинава бил подготвен за целосна дигитализација на процесот, но проблем биле руралните средини, кои немаат стабилен интернет, а некои немаат ни компјутери. Најави дека интензивно ќе работат на опремување на училиштата со сѐ што е потребно за поголем степен на дигитализација.

„Оваа година не го правиме тоа затоа што огромен број наши ученици не знаат како тоа да го направат. Огромен број родители не знаат како тоа да го направат. Скопје не е Македонија. Во Скопје и во неколку поголеми градови ние немаме проблем. Лесна е процедурата, но дигиталната писменост треба да се поткрене на повисоко ниво. Јас не очекувам од родителите да знаат, но учениците треба да знаат и наставниците треба да знаат за да им помогнат во тој процес. Обично сега им помага администраторот или евентуално училиштето ако има информатичар. Затоа сѐ уште велиме дајте ги и во хартиена форма додека населението не се подготви. Имаме рурални средини и помали општини во кои немаат компјутерска лабораторија или училница, каде што интернетот не е стабилен, каде што и професорот ги нема технолошките средства, па не може да ги научи како, но оваа година ние масовно снабдуваме со сѐ што е потребно за да може овој процес на дигитализација да се подобри. Со исто темпо ќе продолжиме и в година и, да, очекувам дека над 90 проценти в година ќе може да се заврши така“, рече денес министерката Јаневска.

Министерката вели дека за некои ученици и в година ќе биде оставен простор да донесат хартиени документи, но, генерално, пријавувањето ќе биде дигитално и средните училишта дигитално ќе ги преземаат свидетелствата. На ист начин, дигитално, свидетелствата ќе ги преземаат и факултетите. За оние што ќе одлучат да студираат во странство, за кои министерката се надева дека ќе бидат сѐ помалку, ќе има можност да им се отпечатат документите.

Министерката Јаневска најави дека вечерва до 19 часот ќе биде извесно дали и во кои средни училишта ќе се полага квалификациски испит во вториот уписен рок, кој е во тек. Таа потврди дека во гимназијата „Орце Николов“ се останати шест места, а се пријавиле малку повеќе ученици поради што, најверојатно, ќе се полага квалификациски испит.

Македонија

Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник

Објавено пред

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.

dobivaj vesti na viber

Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.

Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.

Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.

Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно и студено време со повремен снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.

dobivaj vesti na viber

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.

Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Објавено пред

Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.

„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет23 минути

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет30 минути

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет54 минути

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 час

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија14 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија16 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија17 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија17 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ19 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија19 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет21 час

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет22 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ22 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија23 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет23 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа24 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија2 дена

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...