Македонија
ДУИ: Не смееше да се дозволи изјавата на комесарката да стане цел на кампања на омраза и потсмевање
„Комесарката за проширување, Марта Кос, е искрен и значаен пријател на нашата држава. Не само поради нејзината актуелна функција, која е клучна за нашиот пат кон Европската Унија, ниту само поради нејзината лична врска со регионот, што само по себе претставува уникатна можност за нас, туку пред сè поради нејзиниот длабоко европски пристап кон почитување на различностите и заштита на етничките посебности во Европа“, велат од ДУИ.
„Наместо Владата да ја препознае оваа можност и да ги зајакне овие врски, го пропушти шансата да го искористи Самитот на лидерите на Западен Балкан со Европската Унија, и на најнегативен можен начин покажа недостиг на гостопримство и нетолеранција, дури и кон најискрените пријатели на државата.
Не смееше да се дозволи изјавата на Комесарката,дека „идентитетот не е предмет на политички условувања, туку суштина на човековото достоинство и израз на неговата посебност“, да стане цел на кампања на омраза и потсмевање. Уште помалку, таа реакција да биде поттикната од извори блиски до власта.
Особено загрижува фактот што Министерот за европски интеграции Орхан Муртезани не сметаше дека е потребно јавно да го одбрани овој став, ниту да го истакне значењето на вредностите кои се темел на институцијата што ја раководи.
Напротив, со своите неточни и релативизирачки ставови, тој стана дел од една линија на однесување која ја доведува во прашање односот со еден од најсилните гласови што ја поддржуваат нашата европска перспектива.
Во време кога државата има потреба од стабилни партнерства и јасно раководство во процесот на интеграција, оваа тишина, и во одредени моменти оправдување на националистичките ставови, не претставува технички, туку политички неуспех.
Министерот за интеграции Муртезани има суштинска одговорност: да го брани европскиот курс, а не да молчи кога тој е нападнат.
Граѓаните заслужуваат посериозно и подостоинствено претставување во овој процес, а нашите меѓународни пријатели, почит, а не организирано потценување одвнатре“, се наведува во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

