Контакт

Спорт

Каде се парите? Ѓоковиќ најдобар од сите, но и најсиромашен

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон за „Макфакс“

dobivaj vesti na viber

„Тоа веќе не е тема во тенисот“ – беше одговорот на големиот хрватски тенисер Иван Љубичиќ кога минатата година на Вимблдон во интервјуто за „Макфакс“ и за „Топ спорт“ го прашав дали е правично наградите на Вимблдон да бидат исти и за мажите и за жените. Но, како го продлабочувавме разговорот, испадна дека тоа е, всушност, забранета тема за тенисот. Барем јавно за неа да не се зборува. Последен кој нешто проговори за тоа бил (а кој друг) – Новак Ѓоковиќ. Тој во март 2016 година изјавил дека АТП морал да се бори повеќе пари да има за машките тенисери бидејќи статистиките покажувале дека на машките натпревари имало повеќе публика.

„Тоа е една од причините зошто би морало да бидеме повеќе наградени“, аргументирал Ѓоковиќ.

Веднаш со осуда се јавила Мартина Навратилова изјавувајќи дека Новак не разбирал зошто на гренд слемовите и на комбинираните турнири мажите и жените морало да бидат платени еднакво.

Целата дебата, всушност, јавно била отворена неколку дена пред Ѓоковиќ, кога директорот на турнирот во Индијана Велс, Реј Мур, уште пожестоко изјавил дека женскиот тенис се шлепал покрај машкиот и тенисерките требало да бидат благодарни што биле родени Федерер и Надал бидејќи тие го носеле тенискиот спорт.

Но, позначајно од овие јавни преписки било она што се случувало зад сцената. Пет дена по изјавата на Ѓоковиќ, додека престојувал во Мајами, тој бил повикан од Крис Еверт и од Били Џин Кинг на приватен ручек, на кој пријателски му разјасниле некои работи. Како обично бидува, по оваа средба, Новак се огласил со изјава дека погрешно бил разбран и кога зборувал за поголеми примања, мислел повеќе пари за двата пола. Со ова се затворила забранетата тема, неочекувано отворена од наивниот Новак, кој поверувал во правото на слобода на говор, без да имал претстава колку феминизмот и воукизмот биле нетолерантни кон неистомислениците. Макар се викал тој и Новак Ѓоковиќ.

Меѓутоа, иако забранета во јавниот дискурс, таа е присутна и денес, но за неа не се дискутира. Зошто кога основната теза е сосема разумна и издржана: доколку професионалниот тенис е дел од корпоративниот бизнис, во чија основа лежи потребата за остварување профит, тогаш и тенисот мора да биде организиран според тие правила. А тие се многу цврсти: секогаш мечевите на мажите, почнувајќи од првото коло до финалето, сѐ далеку погледани од жените. Така било отсекогаш, а особено во ерата на Федерер – Надал – Ѓоковиќ. Така е и овие денови на Вимблдон. Со самото тоа и цената на минута реклама во телевизискиот пренос е повисока. Значи, ако имате производ што поскапо се продава од конкурентот, нормално е дека оној што го создал поатрактивниот производ да има и поголема заработувачка.

Тоа е законитост на пазарот, која важи во сите спортови: фудбал, кошарка, хокеј, голф… Но и во модниот свет. Смее ли некој машки фотомодел да се осмели и да побара на Париската модна недела (еден од четирите модни гренд слемови) да добие хонорар за една ревија исто колку и неговата женска колешка? Меѓутоа, кога е тенисот во прашање, тој како да живее во некој утопистички комунизам во кој не важат принципите на пазарната економија, туку со декрет е наметнато израмнувањето според родови критериуми.

Од друга страна, тенисерките имаат поголем извор на вонтеренска заработка поради поголемата понуда на брендови од модната, козметичката или јувелирската индустрија, а кои функционираат според точно утврдени пазарни критериуми.

Оваа дискрепанција во заработката најубаво може да се прикаже преку примерите на двата најдобри претставника на тенисот во машка и во женска конкуренција. Новак Ѓоковиќ севкупно во кариерата има заработено речиси 240 милиони долари. Наспроти него, Серена Вилијамс, во тотал има дури 350 милиони долари. Од вкупната заработувачка, Новак од турнирите заработил 185 милиони долари, а Серена 95 милиони долари. Во ситуација кога висината на наградите им е иста, испаѓа дека Новак бил многу подобар од Серена на теренот, односно продавал производ на пазарот што бил поуспешен. Сепак, Ѓоковиќ од вонтеренски извори има заработено скромни 55 милиони долари, а Серена неверојатни 255 милиони долари. Ако за вонтеренските приходи важат пазарните законитости, во кои Серена е поатрактивен производ од Новак, тогаш и висината на приходите од терен мора да функционира според истиот принцип.

Фрустрацијата на Новак била нормална и разбирлива бидејќи како најуспешен во својата професија тој е финансиски губитник во однос на жените преку нефер распределбата на наградите, но и во однос на машката конкуренција кога се во прашања спонзорствата и вонтеренската заработувачка. Така, Роџер Федерер важи за прв тенисер милијардер бидејќи неговата вкупна заработувачка изнесува 1,3 милијарда долари (пред даночењето) или 550 милиони долари нето-приход. Рафаел Надал е втор со 220 милиони долари нето-заработка, меѓутоа тој има изграден моќен бренд преку договорите со „Најки“, „Киа“, „Ролекс“, „Амстел“, „Банко Сабадел“ и „Инфосис“. Овие партнерства му генерирале годишна заработка од 20 до 30 милиони долари или кумулативно над 400 милиони долари до неговото неодамнешно пензионирање. И, како што видовме, трет е Ѓоковиќ со скромни 240 милиони долари нето-заработка.

И тука повторно се јавува истиот парадокс (за кој не може да се тврди дека е неправичен бидејќи сите учествуваат во иста игра, според исти правила и исти можности – сите се мажи). Според освоени награди, Новак е најуспешен со 185 милиони долари, потоа Надал 135 и последен е Федерер со 130. Како е можно најслабиот од нив најмногу да заработува, а најдобриот најмалку? Како и во случајот со Серена Вилијамс, Новак не може да има забелешки за вонтеренските заработувања на своите конкуренти бидејќи тие функционираат според пазарни принципи во кои Федерер и Надал, иако понеуспешни во професијата, се поатрактивни на пазарот, но и доаѓаат од економски многу посилни држави. Зад Федерер цело време стоеле „Ролекс“, „Кредит Свис“ и „Линд“, чии соодветни аналогии во српската економија не можете да најдете.

Трета причина за послабата заработка на Новак во однос на најдобрите тенисери и тенисерка можеби се должи и на неговите погрешни кариерни одлуки. Во текот на целата кариера тој како свесно да ги избегнувал двата највлијателни спортски бренда – „Адидас“ и „Најки“ – да му бидат спонзори, кои не само што можеле да му дадат најдобри услови туку и да бидат негова заштита. Во златното време на големата тројка, кога Федерер и Надал биле спонзорирани од „Најки“, чудно е зошто Ѓоковиќ го напуштил „Адидас“ (спонзор само 2008 – 2009 година) и потпишал за „Серџо Тачини“ (2010 – 2012), „Уникло“ (2012 – 2017) и „Лакост“ (од 2017 до денес).

Финансиски, веројатно, Ѓоковиќ поминал добро во спонзорскиот однос со овие брендови, но белегот на несакано дете во тенисот сигурно не би бил допуштен доколку зад него стоел „Адидас“ или „Најк“. И оние мачни слики, кои со години го следеле на терените, како неомилен за публиката, не само кога играл против Федерер и Надал туку и против кои било други тенисери, вклучително и на Запад омразените Руси, секако би биле амортизирани ако се знае дека повеќе од 30 проценти од билетите на турнирите ги откупуваат спонзорите. Голем број одат токму за „Адидас“ и за „Најки“.

Меѓутоа, и од избраните спонзори Новак не успеал да го собере најголемиот дел од кајмакот. За петгодишното спонзорство со „Уникло“, период во кој освоил седум гренд слема, тој добивал по 8 милиони долари годишно. Меѓутоа, во 2018 година, кога на Федерер завршувањето на кариерата веќе му се гледало на хоризонтот, тој добил фантастичен договор од истиот тој „Уникло“ каков што Ѓоковиќ немал во својот најпродуктивен период. Договорот со Федерер е вреден неверојатни 300 милиони долари за 10 години и не бил условен дека мора активно да игра тенис. Тоа значи дека на годишно ниво Федерер како неактивен тенисер добива од „Уникло“ 30 милиони долари, а Ѓоковиќ како најдобар тенисер на сите времиња, кој сѐ уште игра тенис и освојува турнири, добива од „Лакост“ 10 милиони долари, односно трипати помалку од пензионираниот Федерер.

Ниската цена на Новак кај спонзорите во однос на конкурентите може да се види и од податокот дека во 2012 година, кога почнал да соработува со „Уникло“, тој добивал по 8 милиони долари годишно, а во 2025 година од „Лакост“ добил 10 милиони долари, износ што не го следи тринаесетгодишниот инфлаторен раст. Осум милиони долари во 2012, 13 години подоцна, во 2025 вредат приближно 11 милиони долари ако се земе предвид просечната инфлација во САД за овие 13 години од приближно 38 %, така што Ѓоковиќ денес е за еден милион долари годишно помалку платен од спонзорот во однос на 2012.

За разлика од Новак, неговата сонародничка Ана Ивановиќ не била склона кон експериментирања со спонзорите и нивно често менување и уште на почетокот на кариерата во 2010 година потпишала доживотен договор со „Адидас“ во вредност за која се претпоставува дека била од 5 до 10 милиони долари годишно и тогаш преставувал еден од најскапите договори во женскиот тенис.

Во 2016 година, кога Србинката имала 29 години, „Адидас“ ѝ понудил нов договор севкупно вреден 40 милиони долари ако продолжила да игра до својата 33. година, без обврски за пласман на ВТА-листата или освојување на турнирите. Се барало само да игра и да се појавува на терените и во телевизиските преноси. Единствениот услов бил додека траел договорот да не се мажи. Сепак, убавата тенисерка ја одбила големата парична понуда решавајќи предност да им даде на плановите за мајчинство и формирање семејство со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Ова се само некои податоци што покажуваат дека да се биде најдобар во тенисот, дури и на сите времиња, како што е Новак Ѓоковиќ, не мора да значи и дека најмногу ќе има заработено во однос на послабата конкуренција. Парадокс кој е незамислив во фудбалот, во кој Кристијано Роналдо во годините кога важел за најдобар во својот спорт, воедно, бил и најплатен фудбалер на светот, а со тоа имал и најголемо маркетиншко влијние и популарност.

Меѓутоа, во тенисот постојат т.н. егзотични (непазарни) екстерни фактори, кои влијаат на заработката. Новак се обидел да смени еден, но не успеал. Другиот му бил понуден да го смени, но го одбил (не прифатил да биде британски државјанин и со тоа самиот придонел како тенисер што доаѓа од Србија помалку да заработува). Третиот, изборот на спонзори – дали можел подобро? Тој најдобро си знае. За нас набљудувачите од страна засекогаш ќе остане тајна.

Но, како што во една пригода кажал Ноле: „Јас го носам својот крст на грбот и свесен сум за тоа. И не се каам за ништо што сум направил во животот на потежок начин иако сум можел во тој момент со полесно да поминам. Вака е послатко“.

(податоците за заработките и висините на спонзорствата се преземени од „Мајкрософт копиолот“)

Ненад Живановски-Столиќ

Спорт

Италијанско дерби во осминафиналето во Лига Европа

Објавено пред

Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лига Европа Оваа фаза од ова натпреварување на УЕФА ќе го обелижи италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома, а внимание секако привлекува и германско-портигалската пресметка Ѓтитгарт-Порто.

dobivaj vesti na viber

Осминафинални двојки:

Генк – Фрајбург
Болоња – Рома

Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто

Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион

Нотинген Форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила

Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 12 и 19 март
Четвртфинале: 9 и 16 април
Полуфинале: 30 април и 7 мај
Финале: 20.мај 2026 година (Истанбул)

Прикажи повеќе...

Спорт

Сити повторно против Реал, ПСЖ оди на Челзи

Објавено пред

Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лигата на шампионите. Две средби ќе привлечат најфголемо внимание во оваа фаза, актуелниот првак ПСЖ ќе игра против Челзи, а ждрепката повторно ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Осминафинални двојки:

Манчестер Сити – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Спортинг Лисабон

ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона

Галтасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем

Аталанта – Баерн Минхен
Ваер Леверкузен – Арсенал

Датуми на преостанатите фази од ЛШ

Осминафинале: 10/11 и 17/18. март
Четвртфинале: 7/8 и 14/15 април
Полуфинале: 28/29. април и 5/6 мај
Финале: 30.мај 2026 година (Будимпешта)

Патот до финалето:

Прикажи повеќе...

Спорт

Македонија апсолутен фаворит против Луксембург

Објавено пред

Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг.

dobivaj vesti na viber

По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на домаќин во салата во „Градски парк“, комплетно реновирана во изминатиот период, и подготвена да ги прими сите заинтересирани за вечерашниот дуел, во кој на теренот „црвено-жолтите“ уште еднаш ќе ги поведе Војдан Стојановски.

Капитенот на Македонија е запознат со квалитетите на вечерашниот противник:

„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“ – смета Стојановски.

Предводникот на нашиот национален тим вели дека енергетскито момент е еден од оние кои ќе го донесат веројтно и клучниот дел од дуелот во „Градски парк“. Заедно со добра дефанзива која црвено-жолтите“ треба да ја презентиираат во дуелот со селекциката која исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.

„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас. Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“ – потенцира Стојановски.

Извор и Фото/ mkd.basketball

Прикажи повеќе...

Најново

Топ15 минути

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија2 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија3 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ3 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија4 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет5 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија5 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија6 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион6 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет7 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет8 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет8 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа8 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија24 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...