Свет
Фон дер Лајен: ЕУ сака договор, но е подготвена за сите сценарија со царините на Трамп

Европската Унија тесно соработува со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со цел да се постигне трговски договор, но Брисел се подготвува за сите сценарија, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Ние се држиме до нашите принципи, ги браниме нашите интереси, продолжуваме да работиме со добра волја и се подготвуваме за сите сценарија“, изјави Фон дер Лајен за време на обраќањето пред Европскиот парламент, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави се веројатно на два дена од испраќање писмо до Европската Унија за воведување нови царини за увоз во САД додавајќи дека доцнењето се случува затоа што ЕУ сега се однесува многу убаво кон САД. „Европската Унија разговараше со нас, со Фон дер Лајен и со целата група, и тие беа многу љубезни“, рече Трамп, објави „Гардијан“.
Тој повтори дека до неодамна ЕУ се однесуваше кон САД „многу лошо и во многу аспекти многу полошо од Кина“. Трамп вчера изјави дека планираните царини ќе стапат во сила на 1 август и дека нема да има понатамошно продолжување.
Тој рече дека некои земји за кои се воведуваат царини биле информирани со писмо во понеделникот, а други добиле официјално известување вчера, пренесува „Танјуг“.
Трамп информирал најмалку 14 земји за новите царински стапки што ќе стапат во сила на 1 август истакнувајќи дека таквата царинска политика би можела да се промени со договор во областа на трговијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин