Црна хроника
Пријавени шест исчезнати лица

На територијата на земјата во петокот се пријавени шест случаи на исчезнати лица, по кои полицијата презема мерки за нивно пронаошање, а станува збор за повозрасни како и малолетни лица, информираа во саботата од Министерството за внатрешни работи.
Во петокот во претпладнето околу 10,45 часот во СВР-Велес, Д.С. (1970) од Велес, пријавил дека во четвртокот откако ја подигнал својата пензија од банка во Велес, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко Д.К.(1935).
Попладнето околу 17 во полицијата во Тетово, Д.Д.(1973) од селтоо Теновоо, пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Р.Д.(1997).
Исто така во петокот во 18,30 часот во Полициската станциа Кисела Вода, М.А.(1988) од Скопје пријавил дека истиот ден утторот околу 8 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга М.Т.(1990).
Претходно, околу 13,30 часот во полицијата во скопската општина Гази Баба, Ц.М.(1966) од населбата Илинден пријавил дека на во четвртокот утрото околу 9 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Ц.С.(1997).
Во петокот во 2 часот утрото во полицската станица Гази Баба, Ш.Д. (1970) од селото Идризово, пријавил дека претходнито ден околу 23,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.
Во полицијата во Бит пазар, пак, во петокот околу 2 часот Ш.Д.(1969) од Скопје, пријавила дека од дома во непознат правец се оддалечила 16-годишна девојка./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Украл отклучен автомобил па ограбил и угостителски објект

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка “Фолксваген голф 3”. Тој го искористил фактот дека автомобилот бил оставен отклучен и со клучеви во бравата за стартување, па без да биде забележан влегол во возилото, го стартувал и го одзел.
Ноќеска, пак, во угостителски објект на Кеј, во непосредна блзиина на Младинскиот културен центар, осомничениот со тврд погоден предмет и физичка сила го отворил прозорецот од кујната од каде влегол во објектот. Извршил претурање и одзел една внатрешна единица за клима уред, звучник, повеќе алкохолни пијалоци, храна и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 65.000 денари, а со провалувањето причинил и материјална штета околу 6.000 денари.
Бидејќи недвосмислено постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Дилери од Кавадарци со возило бегале од полицијата, дрогата ја фрлиле преку прозорец

Полицијата поднесе кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје за да го продаваат во Кавадарци.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според документираните сознанија, пријавените на 03.06. годинава од непознато лице во Скопје набавиле 185,4 грама „амфетамин“, наменета за продажба. При транспорт, со патничко моторно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски таблички, управувано од Т.А. (а С.С. бил сопатник) на подрачјето на општина Росоман, биле сопрени од полициски службеници кои што дале знак за запирање на патничко возило.
Меѓутоа тие не застанале, а С.С. ја фрлил од возилото наркотичната дрога. Меѓутоа набргу биле запрени и при преглед, кај С.С. била пронајдена 1.18 грама опојна дрога „амфетамин”.
По преземени оперативни мерки и активности фрлената дрога е пронајдена и одземена.
Црна хроника
Стружанец повреден со нож по расправија, полицијата трага по напаѓачот

Вчера, околу 17 часот, во станицата на полицијата во Струга било пријавено дека во близина на струшкото село Враништа дошло до вербална расправија помеѓу две лица, по што едно од нив нападнало со нож 51-годишен маж од селото Лабуништа.
Нападнатиот С.Г. се здобил со повреди по телото, а напаѓачот е во бегство.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.