Македонија
Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад. Министерството за внатрешни работи извести дека е пренесено во болница, а гаснењето на пожарот продолжува.
„Денеска, во 9.16 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо улицата Б. Буна во Скопје има пожар, односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од нив. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гаснење на огнот и расчистување на случајот. За време на интервенцијата едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Отпадот за старо железо, каде што избувнал пожарот, е регистриран на фирмата АСД „Метал груп“.
Жители од околните населби утрово јавија дека, освен што гледаат густ чад, се слуша и пукање од местото на кое гори.
Во гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, покрај Бригадата за противпожарна заштита, на барање од градоначалникот на оваа општина се вклучи и „ер тракторот“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) му укажа на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, доколку се процени дека има потреба, да го евакуира населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.