Македонија
Институциите ја губат контролата со пожарите, импровизациите на власта удираат по здравјето на граѓаните, велат од СДСМ

Хаосот и слабата организација со која институциите ја дочекаа сезоната на пожарите ја прават Македонија небезбедна за граѓаните и нивниот имот. Истовремено има десетици пожари на кои се дејствува доцна и со недоволни ресурси, граѓаните сами се снаоѓаат и се борат со огнот на многу места низ земјата, реагираат од СДСМ.
Според оваа партија, последните пожари во близина на Скопје се реална закана по здравјето и безбедноста на граѓанит.
„Гори на Скопска Црна Гора, во Визбегово е запалена опасна депонија од која се шири густ црн чад и го загрозува населението во целиот скопски регион. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше добра организација и нови ресурси, откако лани им изгореа над 10% од територијата на Македонија, но од тоа нема ништо. Ниту се набавени нови возила, ниту се обезбедени нови пожарникари, се доцни со огласот за волонтери на кои им се понудени срамни 24.000 денари, се пренаменуваат армиски возила кои не можат да одат по непристапни терени и се речиси неупотребливи“, додаваат од опозициската партија.
Неспособноста на власта, според нив, удира по здравјето на граѓаните и ја уништува природата.
„Како што ВМРО-ДПМНЕ управува хаотично со сите сектори, истата неспособност и импровизација сега ја гледаме и во справувањето со пожарите. За една година власт на ВМРО-ДПМНЕ изгоре повеќе територија отколку за сите седум години власт на СДСМ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.