Македонија
(Видео) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите
Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите.
„Македонија гори во моментот, во Крива Паланка за жал ја имаме првата човечка жртва. Горат неколку куќи во кумановско во село Читирце, под опсада е веќе село Долно Коњае, гори селото Николиќ итн. Затоа барам веднаш претседателот Африм Гаши да се врати во Собранието каде и да е, да свика една ад-хок координација и на таа координација да видиме како Собранието може да помогне во целата оваа ситуација и што е тоа што треба да го да го направиме. Инаку се друго нема поента веќе да да дискутираме и да правиме се додека луѓе умираат од пожарите а нема никој да реагира во овој дел. И навистина мислам дека треба барем ние да покажеме малку поголема одговорност, барем час пауза и Африм Гаши да дојде во Собранито“, рече Спасовски.
При тоа, тој остро реагираше на отсуството на владини министри а од денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања од опозицијата. Спасовски посочи дека тоа е грубо непочитување на Деловникот, но и на функцијата на Парламентот како претставнички дом на граѓаните.
„Не треба апсолутно ваков однос да се толерира повеќе, затоа што не е ова прв пат да имаме присутни еден или двајца или тројца министри од 24 министри во владата коишто ги имаме денеска. Што е поважната работа од тоа што денеска треба да работи Собранието, тоа е прво и второ за коешто сакам исто така реагирам, очигледно е дека сето ова што го правиме денеска одговараме поставуваме прашања нема кој да даде одговори“,рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

