Црна хроника
Приведен тетовец, запалил оган во нива

Синоќа во близина на бензинска пумпа во Тетово, полицијата го приведе С.С.(74) од с Мала Речица,тетовско. Тој околу 20 часот на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и притоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ Тетово.
С.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 288 од КЗ ,,предизвикување општа опасност“.
Фото: илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Хашиш најден во Струмица

МВР информира дека вчера во 16.45 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица во чиј дом бил пронајден хашиш.
-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, наведува МВР.
По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.