Македонија
(Видео) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење ‘рбет ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија
СДС и нивната непромислена политика на виткање кичма ја донесе Македонија до степен на негација од страна на Бугарија. Работи на кои претходно бугарската политика гледала како на невозможни, затоа што се во корен неразумни и неморални за Заев и Филипче се пракса во нивното делување, истакна на прес-конференција Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Политиката на Пендаровски, Заев и Филипче и донесе на Македонија бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП.
Сега се гледаат штетите кои СДС ги направи врз државата во целиот свој спектар.
Дотолку повеќе се гледа колку државата ќе беше дополнително заглавена, доколку ВМРО-ДПМНЕ не се спротиставеше во корен на штетните политики на СДС.
Бришењето на јазикот и идентитетот од Извештајот на ЕП се доказ дека на Бугарија никогаш не и било до Бугари во Устав“.
Сосема спротивно, додава тој, тоа е само алатка за целосна негација на државата.
ВМРО-ДПМНЕ упатува порака, дека нема да се помрдне ниту милиметар без да имаме почитување од страна на Бугарија, и гаранции од европските институции.
Ова, според Ковачки е злоупотреба на ЕУ од страна на Бугарија, и киднапирање на целиот процес.
Ви благодарам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

