Спорт
Првите зборови на Јаник Синер по освојувањето на Вимблдон
Јаник Синер, тенисер број еден во светот, ги сподели своите впечатоци по финалето на Вимблдон во кое беше подобар од Карлос Алкараз (4:6, 6:4, 6:4, 6:4).
Синер ја освои својата прва титула на Вимблдон победувајќи го Алкараз во финалето.
„Сакам да му се заблагодарам на Карлос, одигра уште еден неверојатен турнир. Ти благодарам што си таков играч, толку е тешко да се игра против тебе. Имаме прекрасно добар однос и надвор од теренот, се обидуваме да го градиме и врз него. Ова не би било можно без најдобрите тимови на теренот, знам дека го држеше овој трофеј неколку пати, веќе имаш два… Да, да, ова е толку посебно. Ги гледам моите родители тука, мојот брат, целиот мој тим. Посебна благодарност до мојот брат, тој имаше слободен викенд, затоа е тука“, рече Синер.
Пред еден месец во Париз, тој загуби во финалето на Ролан Гарос од Алкараз, иако водеше со 2-0 во сетови.
„Пред сè, емотивно, имав многу тежок натпревар во Париз. Но, денес не беше толку важно дали ќе победам или изгубам, ова е толку важен турнир, останува да видиш што си направил и да продолжиш да работиш, затоа стојам тука со трофејот. Благодарен сум за сè, што сум здрав, што можам да играм, сето тоа ми значи многу.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус го отпушти Игор Тудор
Италијанскиот гигант Јувентус одлучи да му се заблагодари на Игор Тудор за соработката по серијата лоши резултати што кулминираа со пораз од Лацио во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.
Веста за неговата замена ја потврди „Скај Спорт Италија“, со кратко и јасно соопштение на платформата „X“:
„ Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус“.
Поразот против Лацио беше трет по ред во домашното првенство, а Јувентус е без победа осум натпревари по ред, на последните четири тимот не постигна ниту еден гол.
Последниот триумф на тимот од Торино беше на 13 септември против Интер. Оттогаш, тие освоија само пет од можни 24 бода во Серија А и Лигата на шампионите, далеку под традиционалните стандарди на клубот.
Тудор го предводеше Јувентус од 23 март оваа година. Забележа десет победи, осум нерешени и шест порази.
Спорт
Прогноза на Суперкомпјутерот: Реал ќе ја освои титулата во Шпанија
Ден по победата на Реал над Барселона (2:1), во „Ел Класико“, Суперкомпјутерот пресмета дека „кралскиот клуб“ ќе ја освои титулата во Шпанија оваа сезона.
Пред натпреварот со Барселона, шансите беа еднакви, пишуваат денес шпанските медиуми, но по триумфот, рапидно пораснаа шансите на Реал.
„АС“ пишува дека според Суперкомпјутерот, Реал Мадрид на крајот ќе ја освои титулата со 87 поени, седум повеќе од Барселона. На третото место ќе биде Атлетико Мадрид.
Според оваа проекција од лигата ќе испаднат Овиедо, Леванте и Џирона, клубот што играше во Лигата на шампионите минатата сезона.
Спорт
Арсен Венгер: Ел класико – натпревар на мажи против момчиња
Легендарниот тренер тренер Арсен Венгер ја опиша победата на Реал Мадрид од 2:1 над Барселона во „Ел Класико“ како натпревар на „мажи против момчиња“, а воедно ја пофали работата на тренерот Чаби Алонсо.
„Кралскиот клуб“ доминираше на „Сантијаго Бернабеу“ и со победата им избега на своите најголеми ривали на пет бода на врвот на Ла Лиг.
Венгер беше директен во својата анализа, истакнувајќи ја тактичката и физичката супериорност на Реал.
„Ел Класико беше малку како дуел помеѓу мажи и момчиња. Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна од онаа на Барселона“, рече Венгер.
„Во нападот, Мадрид секогаш изгледаше способен да постигне гол, додека Барселона изгледаше неефикасна. Имаа многу посед, но никогаш не изгледаа способни да постигнат гол. Честитки за Чаби Алонсо“, додаде тој.
Foto/ EPA

