Македонија
Алијансата за Албанците: Политичката групација „Флен“ потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија
Политичката групација „Флен“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија, во понеделникот изјави дека нивната борба е за затворање на казината и заштита на семејствата.
Алијансата за Албанците им порачува дека ова е изгубена битка бидејќи новиот закон за игрите на среќа, подготвен од ВМРО-ДПМНЕ, веќе е готов и набргу ќе биде ставен во процедура за усвојување, се нагласува во соопштението од оваа партија.
„Флен“, како што велат, по којзнае кој пат ја лаже јавноста тврдејќи дека се бори против индустријата на коцкањето.
Според нив, во реалноста новиот предлог-закон само ја зајакнува и понатаму ја легализира оваа индустрија, особено преку онлајн-игрите на среќа.
„Овој политички субјект продолжува да спие, а ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува законите и им ги сервира како свршен чин за гласање.
Според новиот закон, лиценците за онлајн-операторите ќе продолжат да се издаваат на период од 6 години, исто како и досега, што го потврдува отсуството на каква било волја за забрана или ограничување на оваа штетна активност.
Наместо да се забрани оваа индустрија, се создава затворен и монополизиран систем кој ги фаворизира компаниите блиски до власта и отвора сериозни сомнежи за тајни профити на луѓе блиски до владините структури“.
Според Алијансата за Албанците, наместо да ги следи најдобрите европски практики, како забрана на агресивно рекламирање, ограничување на пристапот за малолетници, поставување лимити за трошење, или соработка со здравствени организации, Северна Македонија го олеснува развојот на коцкарската индустрија во име на дигитализација и формализација.
„Овој предлог-закон не е реформа за граѓаните, туку политички акт, кој ја претвора зависноста од коцкањето во извор на приходи за државата и за други блиски до власта.
„Флен“, парализирана од еуфоријата на првите денови во власт, нема ниту улога, ниту влијание, ниту глас во овој процес.
Она што Алијансата за Албанците одамна го има разобличено многу бргу ќе се потврди и јавно – кога Владата ќе го поднесе законот на усвојување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

