Македонија
(Видео) Даниловски: Општина обрасната со треви, ѓубре, и Муцунски и Митевски, го претворија Аеродром во продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ

Четири години беа доволни да се види вистинското лице на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – некадарност, незаинтересиранист, нула исполнети ветувања, изјави Марко Даниловски, од СДСМ Аеродром.
Наместо локална власт што ќе работи за граѓаните, добивме, вели Даниловски, извршители на волјата на Мицкоски, според него и Муцунски и Митевски, ја претворија општината во продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ.
Даниловски оценува дека ниту едно од клучните ветувања не е исполнето.
„Наместо чесна и посветена локална власт, граѓаните добија празни зборови, неисполнети ветувања и политичка ароганција.
Време е за промена. Време е чесност и работа во интерес на граѓаните. Аеродром заслужува повеќе. Заслужува локална власт што ги знае потребите на граѓаните, што е меѓу нив, што слуша, што одговара и што не бега од одговорност.
Аеродром може и мора да биде модерен, зелен и функционален – но само ако се раководи од луѓе кои работат за граѓаните“, додава Даниловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.