Спорт
Винисиус ќе остане во Реал
Понудата од неименуван саудиски клуб од една милијарда евра за Винисиус Жуниор е повлечена, бидејќи Реал Мадрид планира да склучи нов договор за својата ѕвезда, пишуваат шпанските медиуми.
Бразилецот е една од главните цели на Саудиската професионална лига, која сака да привлече уште поголем број мега поларни фудбалери на Блискиот Исток.
Винисиус има договор со Реал до 2027 година, но разговорите за продолжување наводно се заглавени, бидејќи тој сака да стане најплатен играч во клубот.
Според неколку извори, Саудијците биле подготвени да му платат на Реал 350.000.000 евра отштета, а на Винисиус договор од една милијарда евра за пет години, што би бил убедливо најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Според „АС“, петгодишниот договор вреден една милијарда евра е повлечен, иако интересот на Саудијците би можел да оживее во иднина.
Се верува дека разговорите меѓу Винисиус и Реал ќе се обноват во 2026 година, а Бразилецот претходно изјави дека неговата цел е да остане во клубот.
Реал веќе го препозна и го вклучи во групата капитени за следната сезона. Главен капитен ќе биде Дани Карвахал, но тој повеќе негов заменик е Феде Валверде, трет на листата е Тибо Куртоа, а четврти е Винисиус.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

