Спорт
Мбеумо: Го носев овој дрес додека растев

Брајан Ембеумо ги заврши сите формалности и официјално стана член на Манчестер јунајтед.
Станува збор за фудбалер кој игра на позицијата крилен напаѓач, а Јунајтед мораше да му плати на Брентфорт 65 милиони фунти за негова отштета.
25-годишникот потпиша петгодишен договор со Манчестер јунајтед со опција за продолжување за уште една година.
Клубот од „Олд Трафорд“ успеа да го доведе камерунскиот репрезентативец од трет обид ова лето, откако ја зголеми понудата. Сепак, самиот фудбалер немаше дилема кога слушна дека познатиот клуб е заинтересиран за него.
„Штом слушнав дека има шанса да играм со Манчестер јунајтед, веднаш реков дека ќе ја ја искористам. Тоа е клубот чиј дрес го носев како момче и за кој навивав“, рече Ембеумо.
Брајан Ембеумо е третото засилување на Манчестер јунајтед ова лето по доаѓањето на Матеуш Куња и Диего Леон.
Фото/ ФК Манчестер јунајтед
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико го потврди доаѓањето на Ханцко
Атлетико Мадрид постигна договор со Феенорд за трансфер на дефанзивецот Давид Ханцко.
Словачкиот дефанзивец ќе помине медицински прегледи во наредните денови и ќе потпише договор со „јорганџиите“.
Ханцко (27) беше блиску до трансфер во Ал-Наср од Саудиска Арабија. Словакот се појави во новиот клуб и доживеа шок бидејќи клубото но клубот одлучи да се повлече од договорот во последен момент.
Во претходната кариера, Ханцко играше за Жилина, Фиорентина, Спарта Прага, а од 2022 година е член на Феенорд, со кого го освои холандското првенство во 2023 година.
Атлетико Мадрид, кој минатата сезона заврши трет во шпанската Ла Лига, донесе неколку засилувања во последните недели.
Десниот бек Марк Пубиљ дојде од Алмерија, 24-годишниот аргентински интернационалец Тијаго Алмада пристигна од Ботафого, Алекс Баена дојде од Виљареал, дефанзивниот играч од редот за врска Џони Кардозо пристигна од Бетис, додека левиот бек Матео Руџери дојде од Аталанта.
Фото/ Marca.com
Спорт
Барселона ја откажува азиската турнеја

Фудбалскиот клуб Барселона објави дека нема да патува во Јапонија за првиот пријателски натпревар на претходно договорената азиската турнеја.
Висел Кобе требаѓе да игра против Барселона на 27 јули. Каталонците го откажаа натпреварот бидејќи на сметката на клубот не била уплатена договорената сума. Од иста причина под знак прашалник се и двата натпревари во Јужна Кореја.
Во официјално соопштение, Барса изрази жалење за овој непрофесионален потег.
„За жал, клубот беше принуден да го откаже учеството на закажаниот натпревар во Јапонија во недела поради сериозно прекршување на договорот од страна на домаќините. Клубот ќе размисли дали да присуствува на преостанатите закажани натпревари во Јужна Кореја“.
Каталонците имаа закажан дуел со Висел Кобе во недела, 27 јули, а потоа уште два во Јужна Кореја, против Сеул (четврток, 31 јули) и Даегу (понеделник, 4 август).
Спорт
Сега е официјално, Екитике во Ливерпул

Францускиот напаѓач Уго Екитике (23) и официјално е играч на Ливерпул.
Англискиот шампион објави дека е постигнат договор со Ајнтрахт во врска со трансферот на Екитике, кој ќе стане втор највреден трансфер ова лето во Европа и Премиер лигата.
И највредниот го направи Ливерпул, за Флоријан Вирц на Баер му плати 125 милиони евра.
„Црвените“ платија за Екитике 80 милиони евра, со два бонус пакети.
Екитике успешно ги помина медицинските прегледи во својот нов клуб и наскоро ќе им се придружи на своите нови соиграчи на азиската турнеја.
Французинот зад себе ја има најдобрата сезона во кариерата, во 46 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигна 26 гола и беше избран во идеалниот состав на Бундеслигата.
Пред Ајнтрахт, тој играше за Ремс и Пари Сен Жермен.
Вкупно, Екитике е петтото засилување на Ливерпул ова лето, по Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Флоријан Вирц и Георги Мамардашвили.
Фото/ Принскрин