Спорт
Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?

Нејмар (33) би можел да се врати во европскиот фудбал. Сериозен интерес за него покажува Олимпик Марсеј, пишуваат неколку извори. Бразилскиот напаѓач, кој моментално игра за Сантос, наводно размислува за враќање во Европа за да може да влезе во вистинска форма и да му се наметне на селекторот Карло Анчелоти во пресрет на Светско првенство.
Францускиот клуб веќе започна преговори. Челниците на клубот се свесни дека преговорите нема да бидат лесни, но веруваат дека желбата на Нејмар да се врати во познатата лига би можела да преовлада.
Бразилецот позитивно гледа на приклучувањето кон амбициозен проект во кој би можел да игра клучна улога. Раководството на Марсеј се подготвени да преземат финансиски и спортски напори за да ја убедат јужноамериканската ѕвезда и да го формализираат неговото доаѓање што е можно поскоро, се нагласува во текстовите за можниот трансфер.
Нејмар играше во Франција од 2017 до 2023 година по трансфер вреден 222 милиони евра од Барселона во Пари Сен Жермен. Тој ја освои Лига 1 пет пати и еднаш играше во финалето на Лигата на шампионите. Вкупно, тој постигна 118 голови и имаше 79 асистенции за ПСЖ во 173 одиграни натпревари.
Марсеј е најголемиот ривал на ПСЖ во францускиот фудбал. Ова се двата француски клуба со најмногу трофеи и единствените два со освоена титула во Лигата на шампионите.
Нејмар е под договор со Сантос до крајот на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гарначо сака да игра во Премиер лигата и во Лигата на шампионите

Алехандро Гарначо, по завршувањето на сезоната доби јасна порака да бара нов клуб. Младиот Аргентинец има план, сака да остане во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампионите.:
Ова значи дека неговата желба е да ја продолжи кариерата во еден од петте првопласирани тимови минатата сезона: Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл, плус Тотенхем, кој преку Лигата на Европа избори пласман во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Сепак, „Црвените ѓаволи“ не сакаат да му ја исполнат желбата. Јасно е дека тие не сакаат да ги засилат своите ривали и затоа не се подготвени да го пуштат Гарначо во друг англиски клуб.
На „Олд Трафорд“ посакуваат клуб од Шпанија, Италија или Германија да покаже сериозен интерес за Аргентинецот, поради што наводно ги намалиле своите побарувања.
Сè уште има многу време до крајот на преодниот рок и ќе видиме како на крајот ќе се реши „случајот Гарначо“.
Талентираниот Аргентинец не беше задоволен од својот статус минатата сезона, исто како што Рубен Аморим не беше задоволен од неговите изданиеја на теренот, па по поразот во финалето на Лигата на Европа од Тотенхем, тие вербално се судрија.
Алехандро Гарначо е еден од петте непосакувани играчи на Јунајтед, на кои клубот не им дозволува да тренираат со остатокот од првиот тим. Покрај Гарначо тука се и Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Ентони и Тирел Маласија.
Досега, само Маркус Рашфорд најде нов клуб, тој ќе ја помине следната сезона на позајмица во Барселона.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Пакета ослободен од обвинувањара, Сити повторно ќе се обиде да го ангажира

Сите обвинувања против бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, поради обложување конечно се отфрлени и тој може да продолжи нормално да игра фудбал.
Одлуката требаше да биде донесена во април, но беше одложена до летото. Сега конечно се е завршено, а за Пакета сè уште не е познато каде ќе игра од почетокот на следната сезона.
Токму поради скандалот со обложување, трансферот на Пакета во Манчестер Сити минатата сезона, вреден 80 милиони евра, пропадна.
Сепак, штом „Граѓаните“ ја дознаа одлуката на судот, повторно се активираа. Овој пат, Сити би можел да го добие играчот за двојно помала сума од претходното лето.
Имено, цената за Пакета е преполовена и сега е некаде околу 40 милиони евра. Сити започна кампања, а Вест Хем ќе се бори да го задржи, и покрај тоа што има договор до 2027 година.
Пакета одигра 36 натпревари минатата сезона и постигна пет гола.
Foto/ West Hаm „X“
Спорт
Холанѓанецот Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на третата спринт трка во сезоната, која се одржа во рамките на Големата награда на Белгија, 13-то коло од овогодинешното првенство во Формула 1.
Холанѓанецот ја оствари својата прва спринт победа годинава со предност од седум и пол десетинки во однос на Оскар Пјастре од Мекларен. Третото место на подиумот го освои другиот возач на британскиот тим, Ландо Норис, кој беше нешто помалку од седум десетинки од секундата зад својот соиграч. Интересно е што спринт трката во Спа е прва во историјата откако Кристијан Хорнер повеќе не беше шеф на тимот во Ред Бул, па Верстапен му донесе триумф на тимот на дебито на Лоран Маки.
Фото: принтскрин