Спорт
Чаби Алонсо не го сака Асенсио, тој нема намера да го напушти Реал

Чаби Алонсо беше исклучително авторитативен во своите барања откако го презеде Реал Мадрид ова лето.
Алонсо побара сериозни инвестиции од клубот во одбраната, што резултираше со доаѓањето на Трент Александар-Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас.
Според извештаите, клубот сè уште е на пазарот, се бара уште еден дефанзивец, со оглед на повредите и променливата форма на искусните играчи како Давид Алаба и Едер Милитао.
Во центарот на сите тие неизвесности, Раул Асенсио требаше да биде важна фигура во задната линија на Реал. Сепак, неговите неодамнешни натпревари во дресот на „кралскиот клуб“ значително влијаеја на неговиот статус, бидејќи Алонсо, според порталот „OK Diario“, ја изгубил довербата во младиот дефанзивец.
„ Асенсио нема никого да обвини освен себеси, бидејќи не го даде својот максимум на Светското клупско првенство и не го помина ригорозниот „тест“ на Алонсо, ставајќи ја неговата иднина во клубот во прашање“, пишува овој извор.
Постои голема неизвесност околу 22-годишникот, кој неодамна потпиша нов договор до 2031 година, откако блесна под водство на Карло Анчелоти минатата сезона.
Тој ги искористи повредите на своите поискусни соиграчи и влезе во првиот тим, имаше одлични игри. Сепак, неговите перформанси нагло паднаа во вториот дел од сезоната, а тоа беше особено очигледно на Светското клупско првенство.
Асенсио направи голема грешка во првиот натпревар против Ал Хилал, кога направи прекршок за пенал. Во вториот натпревар, против Пачука, доби црвен картон за непромислен старт.
Алонсо потоа го остави надвор од почетната постава до полуфиналето против ПСЖ, кога Хујсен беше отсутен.
Неговата слаба решителност и несигурните додавања од задната линија предизвикаа загриженост кај Алонсо, со оглед на тоа што тие елементи се клучни за стилот на игра што го форсира шпанскиот тренер.
Се вели дека Алонсо планира да користи формација со тројца во задната линија, но настапите на Асенсио не влеваат доволно доверба за да биде дел од тие планови.
Од друга страна, Асенсио е решен да се докаже во Реал Мадрид и ги отфрли понудите од клубови како Челзи, ПСЖ, Милан и Порто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар во дербито го победи Пелистер

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14).
Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место.
Вардар во целост го контролираше дербито, во раната фаза црвено-црните дојдоа со водство 9:5, Пелистер се доближи и на гол минус, но најчесто разликата беше два гола во корист на Вардар.
Вториот дел му припадна на Пелистер, негвиот воведен дел, со три гола Битолчани изедначија (18:18), но Вардар одговори на ист начин. Успеа повторно Пелистер да се врати на 21:21 имаше и напад за водство, не го искористи по што следуваше уште една серија на црвено-црните од 3:0.
Во последните 20 минути се „појавија“ и голманите Валах и Митревски, кои имаа неколку брилијантни интервенции. Клучната одбрана ја имаше голманот на Вардар, кога му одбрани пенал на Манасков и спречи израмнување.
Замата завршница му припадна на поранешниот репрезентативец Талески, кој со два гола ги реши дилемите околу кончениот победник.
Боно, Тузолана и Малус со по шест гола го предводеа Вардар, голманот Валах имаше девет интервенции. На спротивната страна најдобри беа Митревски со осум одбрани и Манасков со девет голови.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
(Видео) Жестока тепечка на хулигани во Неапол

Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат тимот на Спортинг во 21:00 часот, а на дуелот од второто коло од Лигата на шампионите му претходеа тепачки низ улиците на Неапол.
Хулиганите на италијанскиот клуб нападнаа група навивачи на португалскиот тим во елитното натпреварување, меѓутоа, како да не очекуваа жесток отпор од другата страна.
Тепачката на улиците на италијанскиот град траеше неколку минути, а кога навивачите на Наполи проценија дека се загрозени и покрај тоа што беа во поголем број, решија да избегаат.
Дури откако тепачката заврши пристигна полицијата…
Napoli and Sporting fans clashing today… 🇮🇹🇵🇹 pic.twitter.com/PKfnejdcYD
— Football Fights (@footbalIfights) October 1, 2025
🔵 | Violenti scontri tra i tifosi del #Napoli e dello Sporting Lisbona prima della gara di Champions League pic.twitter.com/tsaG54yX1c
— NN | Napoli Network (@NapoliNetworkX) October 1, 2025
Спорт
(Видео) Њукасл го декласира Унион, Карабаг по Бенфика го победи и Копенхаген

Њукасл ја забележа првата, а Карабаг втората победа во Лигата на шампионите. Њукасл во Брисел го победи, Унион Сен Жилоа со 4:0, а Каранаг на домапен терен славеше во дуелот со Копенхаген 2:0.
Во Брисел, црно-белите победија со 4:0, со головите на Волтемаде, Барнс и Гордон двапати од пенал.
Фудбалерите на белгискиот првак Унион одиграа добар натпревар. Само во првото полувреме беа поагресивни од Њукасл и создадоа повеќе шанси во споредба со нивните ривали, но резултатот сепак беше на страната на клубот од Англија.
Екипата на Еди Хау едноставно успеваше да постигне гол од секој опасен напад.
Во вториот натпревар, кој се играше во 18:45 часот, фудбалерите на Карабаг ја забележаа својата втора победа во Лигата на шампионите, со што го одржаа својот максимален учинок.
Тие го победија Копенхаген со 2:0 на стадионот „Тофик Бахрамов“.
Стрелци за домашниот тим беа Зубир и Адаји кои му ја донесоа победата на Карабаг, што ги воодушеви сите навивачи кои го исполнија овој објект во главниот град на Азербејџан.
Foto/ EPA