Спорт
Синер го отпуштил Паники поради долгиот јазик
Откриена е тајната зошто Јаник Синер ги отпушти фитнес тренерот Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бадио само три дена пред почетокот на Вимблдон.
Како што тврди „Кориере дела Сера“, Паники во разговор со некои новинари открил дека Синер плачел во соблекувалната 15 минути по сензационалниот пораз во финалето на Ролан Гарос.
За потсетување, светскиот број 1 водеше со 2:0 во сетови против бранителот на титулата Карлос Алкараз, потоа имаше три врзани меч топки во четвртиот сет но Купот на мускетари повторно му припадна на Шпанецот.
Она што особено го вознемири Италијанецот беше тоа што Паники открил дека плачел не само поради пресвртот, туку и поради фактот што париската публика беше со Алкараз.
Паники, кого Синер претходно го критикуваше дека има „долг јазик“, не знаеше како да ја чува оваа тајна, а најдобриот тенисер на светот го обвини за тоа. Според истите извори, Бадио бил колатерална штета. Дојдоа во пакет, си заминаа во пакет.
Синер веќе најдезамена, го врати Умберто Ферара, фитнес експерт кој беше вмешан во скандал со допинг поради кој беше суспендиран три месеци.
И Паники веднаш најде работа, почна да работи со Холгер Руне. Нема сомнение дека и Бадио брзо ќе најде нова работа, ако веќе не го сторил тоа, бидејќи е врвен експерт во својата област. Тој го докажа тоа повеќе од еднаш во својата работа со Новак Ѓоковиќ.
Foto/ „X“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона лесно се справи со Бетис
Барселона убедливо победи во едно од дербињата на 15-то коло од Ла Лига. Во Севилја го победи Бетис со 5:3.
Се чинеше дека Барселона може да се лизне во Севилја против Бетис. Ерупција на воодушевување донесе голот на Антони во петтата минута. Барселона одоговори експресно со два гола на Феран Торес во 11-та и 13-та минута.
Барселона не застана тука. Напротив, во 31-та минута, Педри беше во улога на асистент, а Бардаги совршено ја контролираше топката, а потоа од 15 метри го погоди блискиот агол на голманот Валхес.
До крајот на првото полувреме, Барселона веќе го обезбеди триумфот, во 40-та минута имаше малку среќа, Торес шутираше, топката се одби од противничкиот играч и заврши во мрежата на домашниот тим.
Во продолжение, Барселона постигна петти гол, во 57-та минута беше досуден пенал за гостите, по прегледаното ВАР видео, а Ламине Јамал погоди за 1:5.
До крајот на натпреварот, има уште три детали што вреди да се споменат, пред сè оној од 85-та минута кога Љоренте го постигна вториот гол за Бетис, а потоа и неверојатното промашување на Рашфорд кој, минута подоцна, сам се најде пред голманот на Бетис и шутираше покрај голот од десетина метри.
Во 90-та минута, Кунде направи пенал, а Кучо Ернандез сигурен за конечни 3:5.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Ливерпул во Лидс испушти 0:2 и 2:3, Танака во 96-та погоди за 3:3
Спектакуларно второ полувреме одиграа Лидс и Ливерпул во Премиер лигата. Ливерпул не може да излезе од кризата, против Лидс не им беше доволна предноста од 0:2 и 2:3. идес освои бод во 96-та минута кога Танака го постигна голот за 3:3.
По првиот дел во кој немаше голови, навивачите на „Елан роуд“ присуствуваа на вистински спектакл. Ливерпул постигна два гола во интервал од 120 секунди. Екитике погоди во 48-та и 50-та минута.
Лидес одговори идентично, во 73-та погоди Калвер-Лувин од пенал, а изедначи Стач во 75-та минута.
Нова предност на Ливерпул му донесе Собослај во 83-та минута. Но „црвените“ не успеаја да победат. „Елан роуд“ во делириум го фрли Танака со голот за конечни 3:3 во 96-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Интер го декласира Комо
Фудбалерите на Интер убедливо го победија Комо со 4:0 (1:0) во натпреварот од 15-то коло на италијанската Серија А.
Момците на Кристијан Киву, слободно може да се каже, го декласираа тимот на Сеск Фабрегас, најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната.
Веќе во 11-тата минута, Лаутаро Мартинез ги доведе „нероазурите“ во водство и го најави триумфот на домашниот тим.
Комо се држеше максимално во првото полувреме, имаше неколку можности за израмнување, а потоа гостите се распаднаа во продолжението.
Маркус Тирам ја удвои предноста на Интер во 59-та минута, а точно на истекот на 80-та минута, Хакан Чалханоглу, во свој стил, од работ на шеснаесетникот го зголеми резултатот на 3:0.
Конечниот резултат го постави Карлос Аугусто во 86-та минута.
Интер ја забележа 10-та последователна победа во лигата над Комо, кој не постигна гол во претходните пет меѓусебни средби.
По овој натпревар Серија А, повторно има нов лидер, барем додека Милан не го одигра својот натпревар.
Foto/ EPA

