Свет
(Видео) Цунами во Јапонија по силниот потрес во Русија, наредена евакуација на 2 милиона луѓе
Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до четири метри, при што оштетуви згради и активира тревоги и евакуации во Тихиот Океан.
Неколку лица се повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кое силно страдаше во катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му беше наредено да се евакуира.
„Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, објави гувернерот на Камчатка на „Телеграм“.
At least 4 whales have washed up along the coast of Japan, hours after 8.8 earthquake
Civilians seen on top of building in Hokkaido, Japan amid tsunami warning.
Tsunami Warning ⚠️ Russia, Alaska, Hawaii, Japan #earthquake #tsunami #Russia #Japan #Hawaii #Alaska pic.twitter.com/3BhfkszQjz
— Sumit (@SumitHansd) July 30, 2025
Регионалниот министер за вонредни ситуации Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот, регистрирано е цунами од 3 до 4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео на социјалните мрежи.
Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.
Наредби за евакуација во цела Јапонија
Властите во Јапонија апелираа до повеќе од 1,9 милион луѓе да се евакуираат на безбедно место кога цунами брановите почнаа да го погодуваат брегот на земјата. Иако брановите се значително помали од првично предвидените, во целата земја беа регистрирани прекини во сообраќајот.
Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи издаде наредби за евакуација за вкупно 1.905.596 жители во 21 префектура. Најголем број луѓе беа евакуирани во префектурите Хокаидо, Канагава и Вакајама.
Првите бранови го погодија најсеверниот остров во Јапонија, Хокаидо, каде што снимките покажаа жители што бараат засолниште на покривите на зградите. Во среда наутро сирените за предупредување од цунами се огласија во делови од островот.
Помали бранови од очекуваните
Според податоците на Јапонската метеоролошка агенција, бранови со висина од 30 до 50 сантиметри се регистрирани по должината на источниот брег, кои се приближувале кон пошироката област на Токио. Ова е значително пониско од првичните прогнози, кои предвидуваа бранови високи до три метри, но агенцијата предупредува дека ситуацијата може да се промени и дека може да следуваат дополнителни бранови.
Поради опасноста, имаше и прекин во сообраќајот. Меѓународниот аеродром „Сендај“, кој се наоѓа на брегот на Пацификот северно од Токио, ја затвори својата писта. Услугите со ферибот од Хокаидо, Аомори и од Токискиот Залив се исто така прекинати.
Нуклеарната централа „Фукушима“, која се наоѓа јужно од Сендај и беше тешко оштетена во земјотресот и цунамито во 2011 година, соопшти дека нема пријавени проблеми. Компанијата за електрична енергија во Токио (TEPCO), која управува со централата, објави дека целиот персонал е евакуиран на повисоки места и дека нема повредени или какви било неправилности во работењето на централата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Се чувтсвувам како идиот“: Лајчак проговори за контроверзните пораки со Епштајн
Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
„Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се чувствувам како идиот“ – рече словачкиот дипломат, откако ги препрочита пораките.
Тој призна дека имал лоша проценка и „несоодветна комуникација“, но негираше вмешаност во какви било кривични дела, нагласувајќи дека пораките биле „само глупави машки разговори“.
Лајчак објасни дека пристигнал во Њујорк во 2017 година на едногодишна функција во Обединетите нации и дека бил запознаен со Џефри Епштајн од страна на висок странски дипломат. Според него, Епштајн бил широко познат и се сретнал со бројни бизнис и политички личности од САД и од странство.
Лајчак рече дека не гледа причина да не се сретне со него, тврдејќи дека воспоставувањето контакти е дел од неговата работа, пишуваат медиумите.
„Зошто јас, човек од Словачка, не би го прифатил тоа? Тој беше вреден контакт“ – рече Лајчак, истакнувајќи дека подоцна дознал за пресудата на Епштајн за сексуален прекршок во 2008 година, но забележал дека многу влијателни личности продолжиле да се дружат со него и по тоа.
Ова, додаде тој, го навело да верува дека „не е проблем да се прави истото“.
– Мојот однос со него се темелел на зборови, а не на дела. Денес ја плаќам цената на комуникацијата и познанството со него – рече Лајчак.
Тој ги осуди злосторствата што излегоа на виделина по апсењето на Епштајн во 2019 година.
Тој, исто така, потврди дека го посетил станот на Епштајн, но рече дека биле присутни и други бизнис и политички личности.
„Немало девојки. Овој дел од животот на Епштајн ми беше непознат. Тој не зборуваше за тоа, а јас не го прашав. Мојата совест е чиста“ – нагласи Лајчак, според написите.
Фото: ЕПА
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија.
Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град.
„Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Тој додаде дека руските сили извршиле напади со „повеќе од 70 ракети и лансирале 450 напади со беспилотни летала“ во текот на ноќта.

