Спорт
Ферстапен пресече, познато за кого ќе вози следната сезона

Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, ќе остане во Ред Бул и следната сезона.
Веќе подолго време се шпекулираше дека Холанѓанецот ќе премине во Мерцедес, но пред трката на Хунгароринг, тој ги отфрли тие гласини.
„Работата е во тоа што луѓето многу зборуваат во текот на целата сезона, а единствениот што навистина треба да зборува, a не зборува – сум јас. Секогаш било јасно, па и за следната година. Веќе разговарам со тимот за плановите за наредната сезона. Тоа значи дека останувам со тимот и следната година“, изјави Ферстапен.
Шпекулациите за премин во Мерцедес го достигнаа врвот кога беше објавено дека тој и Тото Волф биле заедно на одмор на Сардинија.
„Ако мојата јахта е до јахтата на Тото, тогаш е така. Можете да имате личен однос со некого дури и ако немате деловен“, додаде Макс.
Ферстапен минатиот викенд беше четврти на патеката Спа Франкошамп.
Сега е трет во генералниот пласман, со 81 бод помалку од водечкиот Оскар Пијастри и 65 помалку од второпласираниот Ландо Норис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс.
Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три сезони.
Лејкерси чекаа до првиот ден кога можеа да му понудат договор (2 август) и го сторија тоа веднаш.
Во 28 натпревари, за Лејкерси по шокантниот трејд од Далас, Дончиќ забележа 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки во просек за 35 минути на паркетот.
Во поразот од пет натпревари во плејофот против Минесота Тимбервулвс, тој имаше просек од 30,2 поени, седум скока, 5,8 асистенции и една украдена топка за 41,6 минути на паркетот.
„Тукушто потпишав продолжување на договорот со Лејкерси. Возбуден сум што ќе продолжам да работам за да освојам шампионска титула во Лос Анџелес и да ги направам навивачите горди. Благодарен сум на Лејкерси, на моите соиграчи и на сите навивачи кои ми покажаа толку многу љубов од првиот ден. Ова е само почеток“, напиша Дончиќ на социјалната мрежа „X“.
Спорт
(Видео) Хамилтон: Бескорисен сум

Луис Хамилтон се огласи по борбата за пол-позицијата за Големата награда на Унгарија.
Хамилтон го имаше 11-то најдобро време со 1:15.702 во квалификациите на Хунгароринг. Очекувано не беше задоволен од тоа настапот во квалификациите.
„Јас сум бескорисен, апсолутно бескорисен. Тимот нема проблем, можете да го видите автомобилот на пол-позиција. Веројатно треба да го сменат возачот“, изјави Хамилтон за „Скај Спортс“.
Неговиот колега Шарл Леклер го имаше најдоброто време и ќе стартува од пол-позицијата на трката во недела. Леклер беше најбрз со 1:15.372.
“It’s me every time. I’m just useless. The team has no problem. The second car is on pole, so they probably just need to change driver.”
Distraught Lewis Hamilton after qualifying 💔
— Ferrari News 🐎 (@FanaticsFerrari) August 2, 2025
Спорт
Леклер ја грабна пол-позицијата на Хунгароринг

Шарл Леклер ги шокира возачите на Мкларен во квалфикациите за трката на Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари ја освои 27. пол позиција во кариерата, до неа дојде со резултат 1:15.327 минути.
Мекларен, најдоминантниот тим сезонава во првенството на Формула 1, доминираше на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, но двајцата возачи разочараа во последното излегување на патеката. Постигнаа времиња далеку под она што можат со доминантниот болид.
Осакр Пјастри, лидерот во првенството, трката ќе ја започне веднаш до Леклер, а неговиот тимски колега Ландо Норис го освои третото место. До него, од вториот ред, трката ќе ја започне возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Неизвесноста во борбата за пол-позицијата најдобро го отсликува податокот дека разлиата меѓу првиот и четвртиот беше само 53 илјадити делови од секундата.
Третиот ред на стартот го освоија пилотите на Астон Мартин: Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Блесна во квалификациите Габриел Бортолето. Бразилецот со Кик заубер го освои седмото место, пред светскиот првак Макс Ферстапен. Зад него се возачите на сестринскиот тим, Рејсинг Булс: Лијам Лосон и Исак Хаџар.
Аполутно разочарување во квалификациите е Луис Хамилтон. Седумкратниот шампион трката во Унгарија ќе ја започне од 11.место.
Големата награда на Унгарија, на Хунгароринг се вози в недела од 15 часот.
Foto/ EPA/Zsolt Czegledi