Македонија
ДОМ: Претпразнични и предизборни партиски вработувања во Инспекторатот за животна средина
Демократска обнова на Македонија реагира на огласот бр. 3/2025 објавен на 31.07.2025 година од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена до 02.08.2025.
Од ДОМ овој чекор го оценуваат како неприфатлива манипулација пред локалните избори.
Појаснуваат дека со оваа брза и нетранспарентна процедура, спроведувана и за време на државен празник, сериозно се поткопува кредибилитетот на институцијата.
ДОМ јавно прашува како е можно да се вработуваат и да вршат инспекциски надзори во индустријата инспектори без лиценци, кога согласно Законот за инспекциски надзор и Законот за инспекциски надзор во животна средина мораат да ја поседуваат лиценцата?
Не станува збор, како што велат, само за грешка во постапката, штетата врз институцијата е уште поголема затоа што се нанесува силен удар врз стручноста на истата.
Ова, според нив, е уште едно предизборно полнење на институциите со партиска администрација.
Институциите, велат од ДОМ, не смеат да се претворат во партиска каса, каде што местата се мерат според политичката припадност, а не според нивното знаење и компетентност.
ДОМ со прашање до министерот од ЗНАМ, Горан Минчев: „Вака ли ќе ја департизирате администрацијата со наместени огласи од партиски војници? Животната средина не може да ја зачуваат нестручни и необучени партиски послушници, водени од мотивот да добијат награда за својот ангажман на претстојните локални избори.
Со одлучност и без компромис, Зелената партија ДОМ бара итно поништување на овој сомнителен оглас, целосно почитување на законските лиценци и стручни стандарди, како и спроведување на транспарентна, непристрасна постапка за вработување инспектори. Само на тој начин можеме да ја вратиме довербата на граѓаните и да ја заштитиме природата за идните генерации“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

