Контакт

Македонија

Гори депонијата „Вардариште“, соопшти ЦУК

Објавено пред

На територијата на државата евидентиран е еден пожар на отворен простор до 18:00 часот, соопшти ЦУК.

dobivaj vesti na viber

Според последните информации од центарот, гори депонијата „Вардариште“ во Општина Гази Баба.

Македонија

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах

Објавено пред

Од

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој се одигра вчера во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Дополнително, велат од таму, загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери.

Како што велат од Хелсиншки, на натпреварот присуствувале, претседателот на Собранието, Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити министерот за економија, Валон Дурмиши, како и партиските лидери Али Ахмети и Арбен Таравари.

„И повторно ниту еден од овие високи функционери, за време на натпреварот не реагирал по повод навредувачките скандирања“, се наведува во соопштението.

Според Хелсиншкиот комитет, особено е дискутабилна изјавата на претседателот на Собранието, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците додека бил присутен на натпреварот, а од друга страна јавно им честитал на навивачите нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“.

„Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говорот на омраза и политичко навивање на спортски терени. Осудата на говорот на омраза од страна на политичарите е еден од клучните фактори против ширењето на оваа појава бидејќи говорот на омраза произведува уште повеќе говор на омраза, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, се наведува во соопштението.

Хелсиншкиот комитет апелира до Министерството за внатрешни работи и надлежните институции итно да постапат во согласност со најавените мерки за санкционирање на ваквите испади. Според нив, селективната примена на законите, во зависност од етничката или политичката припадност на сторителите е неприфатлива и дополнително ја нарушува довербата на граѓаните во институциите.

„Спортските натпревари мора да бидат место на взаемно почитување, фер игра и градење на соживот. За говорот на омраза и националистичките пораки нема место ниту на трибините, ниту во јавниот дискурс“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје организира јавна дискусија за изработката на новиот ГУП: граѓаните активно да се вклучат во овој процес

Објавено пред

Град Скопје информира дека во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.

dobivaj vesti na viber

Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 12 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 01 (од 9 до 10 часот), C3 02 (од 10 до 11 часот), C3 03 (од 11 до 12 часот), C3 06 (од 12 до 13 часот) и C3 07 (од 13 до 14 часот).

„Граници на опфат на Градска четврт СЗ 01:
– од запад и север: по граница на ГУП на град Скопје;
– од исток: по оска на Бул “Илинден“;
– од југоисток: по оска на улица “Тиранска“;
– од југозапад: по оска на улица “Шарпланинска“;

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 02:
– од запад и северозапад: по оска на Бул “Илинден“;
– од исток: по граница на ГУП на град Скопје;
– од југ и југоисток по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“.

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 03:
– од североисток: по граница на ГУП на град Скопје;
– од југоисток: по оска на улица “Тиранска“;
– од запад и југозапад: по оска на улица “Лука Геров“.

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 06:
– од северозапад: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“;
– од исток: по оска на Бул “Илинден“;
– од југоисток: по оска на улица “Лепенец“;
– од југозапад: по оска на улица “Лука Ѓеров“.

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 07:
– од север: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“;
– од исток: по оска на река вардар, односно по граница на ГУП на град Скопје;
– од југоисток: по оска на улица “Словенечка“;
– од југозапад: по оска на Бул “Илинден“.

Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата [email protected]“.

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000, велат од СДСМ

Објавено пред

Последните податоци се алармантни, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе, истакна на прес-конференција Јовица Јанковиќ од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Ова, како што рече, не е само статистика. Ова, според него, е вистината зад илјадници човечки судбини, намален број работни места, заминати млади, уништени надежи, растечка сиромаштија.

„Ова е доказ за економскиот колапс, за хаосот на пазарот на труд, за целосната отуѓеност на власта од реалноста во која живее народот.

Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000.

Младите во Македонија денес ја плаќаат највисоката цена за неспособноста и ароганцијата на Владата на Христијан Мицкоски.

Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население а пред се младите заминуваат, а пензискиот систем е ставен под ризик“.

Наместо да креира услови за нови и добро платени работни места, за задржување на младите, Владата додава тој, со својата ароганција одбива секаков предлог за зголемување на минималната плата и стимулирање на раст на платите.

Младите заминуваат, истакнува Јанковиќ, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а приоритетите на оваа власт се манго, папаја, луксузни патувања и тендери за блиски фирми.

„Секое трето дете во државата живее во сиромаштија. Половина милион граѓани живеат со плата под просечната.

Што направи Христијан Мицкоски за да им обезбеди подобри услови на овие луѓе? Што направи за младите да останат тука и да создаваат семејства, иднина, живот со достоинство?

Оперативниот план на Владата е само фасада и не е решение, со ограничен домет и краткорочен ефект за многу мал дел од невработените.

Проблемот е длабок и системски. Младите не гледаат перспектива со ВМРО-ДПМНЕ. Со години ги бројат парите од месец за месец и сè почесто го гледаат спасот надвор од Македонија.

Проблемот не се решава со партиски вработувања во администрација туку се продлабочува“.

СДСМ предупредува: ако не се смени курсот, ако не се застане веднаш со овие штетни политики – Македонија ја чека уште подлабока економска и социјална криза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија3 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија3 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет3 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет4 часа

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет5 часа

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион5 часа

Српскиот министер кој доживеа мозочен удар во емисија е свесен, но сè уште е во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ19 часа

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ20 часа

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија21 час

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија23 часа

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ1 ден

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија1 ден

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија1 ден

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...

Македонија1 ден

Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети автомобили

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на...

Свет1 ден

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули, што е речиси 7 отсто од вкупната...

Култура1 ден

(Видео) Охридско лето со концерт на Ана Дурловски го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија1 ден

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија2 дена

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија2 дена

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...