Македонија
Град Скопје организира јавна дискусија за изработката на новиот ГУП: граѓаните активно да се вклучат во овој процес
Град Скопје информира дека во рамките на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022 – 2032 година организира јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Јавната дискусија за четвртите лоцирани во општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 12 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје, барака 13, и тоа за Градска четврт СЗ 01 (од 9 до 10 часот), C3 02 (од 10 до 11 часот), C3 03 (од 11 до 12 часот), C3 06 (од 12 до 13 часот) и C3 07 (од 13 до 14 часот).
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 01:
– од запад и север: по граница на ГУП на град Скопје;
– од исток: по оска на булеварот Илинден;
– од југоисток: по оска на улицата Тиранска;
– од југозапад: по оска на улицата Шарпланинска;
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 02:
– од запад и северозапад: по оска на булеварот Илинден;
– од исток: по граница на ГУП на град Скопје;
– од југ и југоисток по оска на улицата Новопланирана собирна улица 15.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 03:
– од североисток: по граница на ГУП на град Скопје;
– од југоисток: по оска на улицата Тиранска;
– од запад и југозапад: по оска на улицата Лука Геров.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 06:
– од северозапад: по оска на улицата Новопланирана собирна улица 15;
– од исток: по оска на булеварот Илинден;
– од југоисток: по оска на улицата Лепенец;
– од југозапад: по оска на улицата Лука Ѓеров.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 07:
– од север: по оска на улицата Новопланирана собирна улица 15;
– од исток: по оска на реката Вардар, односно по граница на ГУП на град Скопје;
– од југоисток: по оска на улицата Словенечка;
– од југозапад: по оска на булеварот Илинден.
Граѓаните може да дадат свои предлози, мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а може да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје, барака 16, или електронски на адресата [email protected].
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

