Контакт

Македонија

(Видео) Кузмановска: Министерство на хартија, без резултати, без план, ВМРО-ДПМНЕ ги изевери младите

Објавено пред

Помина една година откако ВМРО-ДПМНЕ најави формирање на Министерството за социјална политика, демографија и млади, наместо резултати, младите добија уште едно големо разочарување, вели Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ.

dobivaj vesti na viber

Наместо функционална институција што ќе ги слуша, ќе ги вклучува и ќе им служи, добија уште една нефункционална испостава на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо од ветените промени. Ништо од системските решенија. Само бирократија, хаос и игнорирање на младите, нивните потреби“.

Министерството, според неа, не е ниту кадровски ниту програмски комплетирано, нема преземено ниту дел од законските надлежности, а нема ниту план за тоа што треба да прави.

Тоа, како што оценува, е класична формула на ВМРО-ДПМНЕ: повеќе пари, помалку резултати.

„Министерството е глуво за младите. Неосновани селективни процеси, нетранспарентност во избори на претставници, игнорирање на организациите кои ги застапуваат младите, тоа е реалноста денес.

Со оваа Влада, бројот на локални младински совети опаѓа. Стратегиите за млади изостануваат. Младинските центри заборавени. Законот за младинско учество не се спроведува.

Ова не е само институционален застој, ова е намерно маргинализирање на младите. Ова е јасен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ нема политичка волја за вистинско подобрување на младинските политики.

После една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, младите во Македонија живеат потешко и полошо. Ги бројат парите од месец за месец и сè почесто го гледаат спасот надвор од државата“.

СДММ се приклучува на барањата на младинскиот граѓански сектор и бара, како што рече Кузмановска, продолжување на рокот најмалку до крајот на август, јавна промоција на повикот и структуриран дијалог со младинските организации.

Повикуваат на итно преземање на надлежностите од Агенцијата за млади и спорт, согласно законските одредби, усвојување на сите неопходни подзаконски акти за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики.

„Активна поддршка и отпочнување на процесите за воспоставување на Националното собрание на млади и Националното советодавно тело.

Прекин на праксата на селективни, партиски и нетранспарентни процеси за номинација на младински претставници.

Младите не се статистика, младите не се алатка за ПР. Младите се иднината на оваа земја“.

Македонија

Без вода делови од скопски Карпош

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска ( четврток) поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. Драгиша Мишовиќ бр. 7, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Драгиша Мишовиќ, Роберт Кох и Трифун Пановски, како и корисниците од ул. Бледски Договор лоцирани на потегот од бул. Илинден до ул. Карпошево Востание. ( општина Карпош )

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

Објавено пред

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените од синоќешниот натпревар меѓу Шкендија и Карабах се реприза на неодамнешната кумановска трагедија и предупреди дека селективното реагирање на вандализмот води кон лицемерие и цинизам.

dobivaj vesti na viber

„Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Но, хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка, доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество“, напиша таа.

Фејсбук статусот следи по уште еден спортски настан на кој, наместо фер плеј, доминираа националистички скандирања, меѓу кои и повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“. Иако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) апелираше за спортско навивање и воздржаност од провокации, дел од навивачите на натпреварот Шкендија – Карабах упатија навреди што предизвика осуди и реакции од јавноста.

Министерството за внатрешни работи информира дека веќе е започната постапка за идентификација на учесниците во инцидентот:

„Постапуваме врз основа на обезбедена видео и фото-документација. Со јавниот обвинител координираме следни чекори со цел целосно расчистување на случајот“, информираа од СВР Скопје.

Од Основното јавно обвинителство Скопје потврдија дека постапуваат во координација со МВР.

Дополнително загрижи фактот што натпреварот беше следен од повеќе високи функционери од власта и опозицијата, меѓу кои и вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, но и лидери на опозициски партии – Али Ахмети и Арбен Таравари.

Гаши, кој пред три дена остро ги осуди сличните скандирања во Куманово, овој пат преку Фејсбук упати честитка до навивачите, нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“.

Хелсиншкиот комитет реагираше дека говорот на омраза не смее да се игнорира и побара од МВР и надлежните институции итно и неселективно да го применат законот.

Спортските натпревари сè почесто стануваат место каде доминира говорот на омраза, а не спортскиот дух. Обвинителството веќе води постапка за националистичките повици на натпреварот во Куманово на 2 август.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Објавено пред

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист во близина на Крушево, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

dobivaj vesti na viber

Параглајдеристот нема сериозни повреди.

Претходно, попладнево од страна на полициската станица Крушево, ДЗС доби информација дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.

Бидејки локалните сили не можеа да го симнат повредениот параглајдерист, итно беше активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување,

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија10 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ12 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија12 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ14 часа

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија18 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија19 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија22 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија22 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет22 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет23 часа

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет23 часа

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион1 ден

Српскиот министер, кој доживеа мозочен удар во емисија, е свесен, но сè уште во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ2 дена

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ2 дена

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија2 дена

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија2 дена

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ2 дена

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија2 дена

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија2 дена

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...