Свет
(Видео) Најмалку едно лице загина во земјотресот во Турција, повеќе од 200 последователни потреси

Повеќе од 200 последователни потреси ја погодија денес северозападна Турција по вчерашниот земјотрес со магнитуда од 6,1 степени. Турската агенција за управување со катастрофи AFAD соопшти дека регистрирала 237 последователни потреси, од кои 10 биле со магнитуда од најмалку 4,0 степени.
➡️ 10 Ağustos’ta Sındırgı’da (Balıkesir) meydana gelen Mw 6.1 büyüklüğündeki depremden sonra bölgede 237 artçı deprem aktivitesi kaydedilmiş olup, bu depremlerden 10 tanesinin büyüklüğü 4.0’ ın üzerindedir.
➡️ Bölgedeki deprem aktivitesi AFAD Deprem Dairesi Başkanlığı… pic.twitter.com/AJE8zSjh2D
— AFAD Deprem (@DepremDairesi) August 11, 2025
Многу жители на погодениот регион ја поминале ноќта надвор или во своите автомобили поради страв од нови земјотреси, јавуваат турските медиуми.
6.1 earthquake rattles Turkey.. buildings collapse in Balikesir
Earthquake struck Sindirgi in Balikesir province, followed by a 4.6 aftershock. Tremors felt in Istanbul, Izmir and several other cities
Multiple buildings have caved in, residents scrambling to pull… pic.twitter.com/r95U8sED4c
— Nabila Jamal (@nabilajamal_) August 10, 2025
Епицентрите на земјотресот биле лоцирани во округот Синдирги во покраината Баликесир, каде што вчера во земјотресот загина најмалку едно лице, а 29 се повредени.
🚨🇹🇷 BREAKING: Earthquake in western Turkey kills 1 and injures at least 29.
Over 20 tremors rattled Balikesir, Izmir, Manisa & Istanbul.pic.twitter.com/hEoZrhdgkm
— TacticalEdge (@EdgeE50124) August 11, 2025
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри и бил почувствуван и во Истанбул и во Измир на повеќе од 200 километри оддалеченост. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека најмалку 16 куќи се уништени во земјотресот. Спасувачките операции се во тек, а четири лица се во болница, објави ДПА.
Земјотресите се чести во Турција, која се наоѓа на спојувањето на три главни тектонски плочи. Мегалополисот Истанбул е особено изложен, а беше погоден од земјотрес со јачина од 6,2 степени во април. Двојните земјотреси во февруари 2023 година убија повеќе од 53.000 луѓе во јужна Турција и неколку илјади во блиска Сирија.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Украина продолжува со милитаристичка политика наместо дијалог

Украина продолжува со својата милитаристичка политика наместо дијалог, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, Владимир Путин.
„Гледаме дека тие (Украина) продолжуваат со овој милитаристички став наместо да размислуваат како да се вклучат во дијалог со цел заеднички да бараат безбедносни гаранции за време и во рамките на дијалогот“, изјави Песков пред новинарите, пренесува „РИА новости“.
Тој додаде дека Кремљ слуша разни гласови од европските престолнини и затоа продолжува да ја следи ситуацијата.
Одговарајќи на прашање за изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во врска со создавањето ѕид од беспилотни летала во Европа, Песков рече дека историјата покажува дека градењето ѕидови е секогаш лоша работа.
„Многу е тажно што оваа милитаристичка конфронтациска политика на Украина сега потенцијално би можела да почне да се материјализира во создавање нови ѕидови на поделба“, истакна тој.
Фото: принтскрин
Европа
„Шпионирала за Киев, планирала да труе војници“: Русите уапсија готвачка на Крим

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила 45-годишна Русинка, главен готвач во ресторан во Севастопол, на Крим, под сомнение за шпионажа за Украина и план за труење руски војници, објави „Киев пост“.
Неименуваната жена, која е во притвор, е обвинета дека работела за Главната дирекција за разузнавање на Украина (ХУР) во последните две години. ФСБ тврди дека таа ги понудила своите услуги на украинската разузнавачка служба уште во септември 2023 година.
Таа наводно користела „Воцап“ за да споделува информации со своите врски за локациите и за рутите на рускиот воен персонал и опрема во Севастопол, поранешното главно пристаниште на руската Црноморска флота. ФСБ конкретно тврди дека таа фотографирала бродови на Црноморската флота стационирани во Севастополскиот Залив, кои подоцна биле користени од украинските вооружени сили за планирање ракетни напади.
Таа е обвинета и за план за труење припадници на руските специјални сили, кои го посетувале ресторанот во кој работела.
Кримскиот одред на ФСБ соопшти дека жената е обвинета за велепредавство според член 275 од Рускиот кривичен законик додавајќи дека истрагата за нејзините криминални активности е во тек. Во соопштението за медиумите на ФСБ се наведува дека ова е уште еден пример за тоа како „украинските специјални служби ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација и предизвикуваат економска штета на државата со активно регрутирање сторители на саботажи и терористички напади“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин